Токо-Око фигурички

27.01.22 13:12

Лара Анкантара и Гиљерм Нојман, дуото зад изработувачот на фантастични фигурички Токо-Око, креираат неовоземски свет населен од необични животински суштества. Изработени од комбинација на дрво, ткаенина, глина и восок, овие хибридни ликови носат облека и маски со орнаменти што наликуваат на амблеми и на детски чкртки.

„Тоа е свет многу сличен на нашиот, полн со неправди но и со надеж. Нашите дела имаат релација со мистичното, природното, духовното.“

Зад секоја фигурична лежи поголема приказна, често врзана за човековото постоење. На пример, еден од ликовите, на грбот носи голема, празна глава која му служи како торба за прачки – метафора за умот оптоварен од емоции и грижи за иднината. Некои помали фигури функционираат како тотеми. Нивните торза и градни кошови се обележани со митолошки симболи.

Напнатоста помеѓу цивилизацијата и природниот инстинкт е истакната особеност на фигуричките.





















Извор: This Is Collosal

ОкоБоли главаВицФото