Враните се самосвесни како луѓето

29.01.2022 17:11
Враните се самосвесни како луѓето

 
Не е новост дека враните се паметни. Тие можат да користат алатки, да препознаваат лица, оставаат подароци за луѓето што им се допаѓаат. Враните често испуштаат камења во вода за да ја насочат храната поблиску до себе.

Во семејството птици под називот Врани (Corvidae) во С. Македонија спаѓаат: лешникарка, сојка, страчка, гавран, полска врана, сива врана, чавка, црвеноклунеста галка и жолтоклунеста галка.

Една нова научна студија тврди дека враните се способни да размислуваат за сопствените мисли додека решаваат проблеми. Ова е ниво на самосвесност што претходно се веруваше дека е знак на повисока интелигенција каактеристична само за луѓето и можеби за уште два-три други цицачи.

Долго се претпоставувало дека функционирање врзано со повисоката интелигенција е строго производ на слоевит церебрален кортекс. Но, мозоците на птиците се поинакви. Авторите на студијата откриле дека палиумот кај враните, кој не е слоевит но има густа невронска мрежа, можеби за нив игра слична улога.

Во прилог на ова можност, друга студија објавена во истиот период покажала дека невроанатомијата на гулабите и на бувовите исто така може да поддржува повисока интелигенција.

Птица од семејството Врани се вози грбот на буф.

Познато е дека враните се ментално способни колку и мајмуните и човеколиките мајмуни. Сепак, невроните на птиците се многу помали, па така нивниот палиум содржи повеќе отколку што би имало кај кортекс на еднакво голем примат.

Во секој случај, изгледа постои општа врска помеѓу бројот на неврони во палиумот на едно животно и неговата интелигенција. Луѓето се комотно на врвот на оваа приамида; тие имаат дури повеќе неврони и од слоновите, и покрај многу помалите тела. Проценката е дека мозоците на враните имаат околу 1,5 милијарди неврони.

Видот на повисока интелигенција откриен кај враните е сличен на онаа што ја користиме за решавање проблеми: каталогизираме релевантно знаење и потоа истражуваме различни комбинации на она што го знаеме за да стигнеме до акција или до решение.

Птица од семејството Врани очи в очи во волк. 

Истражувачите за да стигнат до овие заклучоци, тренирале две сиви врани од видот corvus corrone, Ози и Глен.

Тие ги тренирале враните да забележуваат блесок, кој не се случувал постојано, и потоа да колвнат на црвената или на сината мета во зависност од тоа дали се појавил или не блесок. Ози и Глен биле научени и да го разбираат променливиот „клуч“ кој го специфицирал значењето на црвената и сината боја, при што едната боја го претставувала појавувањето на блесокот, а другата неговото отсутво.

Во секој круг од тестот, по појавата или отсуството на блесокот, на враните им бил претставен „клучот“ кој го опишувал моменталното значење на црвената и на сината мета, по што го колвнувале својот одговор.

Ваквото менување по секвенци спречувало враните едноставно да го увежбаат својот одговор, како на авто-пилот. Во секој тест тие морале одново да го започнат процесот.

Паралелно со ова, истражувачите ја набљудувале нивната невронска активност. Кога Ози или Глен ќе виделе блесок, сензорните невровни „испукувале“ и потоа запирале додека птицата размислувала која мета да ја колвне. Кога немало блесок, немало „испукување“ на сетилни неврони пред враната да одлучи за вистинската мета.

Интерпретацијата на истражувачите е дека Ози и Глен штом виделе или не виделе блесок, намерно забележувале дека има или нема блесок – покажувајќи самосвесност за искусеното – и потоа, за неколку мига, ја поврзувале таа информација со своето знаење за моменталните правила на „клучот“ пред да ја колвнат вистинската мета.

За време на неколкуте мига откако ќе се стишела сетилната невронска активност, истражувачите забележале активност помеѓу голема група неврони додека враните ги „склопувале парчињата“ во подготовка да пријават што виделе. Притоа, помеѓу активните делови од нивниот мозок бил и палиумот.

Севкупно, студијата може да доведе до сознание дека слоевит церебрален кортекс не е неопходен за повисока интелигенција. Додека откриваме повеќе за интелигенцијата на враните, можеме, барем со одредена сигурност, да речеме дека паметно е да внимаваме да не разлутиме некоја.



Извор: Big Think

ОкоБоли главаВицФото