
Еднаш еден сомнителен тип
поседувал мошне исплашен бик.
Бикот од типот баеги зазирал
зашто овој го малтретирал.
Го малтретирал со разни справи
и пред луѓе и пред крави.
Дури се колнел во небескиот отец
дека ќе го прободе со глогов колец!
И така... Кога типот влегол со глогот
во шталата... Тогаш бикот - со рогот!
Истиот ден заради таа ситница
типот го одвел бикот во кланица.
Препев. П. В.