Глобална мапа на пчелите

31.01.2022 18:24
Глобална мапа на пчелите

 

Во светот, зачудувачки, постојат повеќе од 20 000 видови пчели – повеќе од бројот на видови на птици и на цицачи заедно. Досега, ниту научниците кои специјализираат во ова поле не го знаеја точниот број.

Неодамна, со комбинирање и филтрирање на повеќе од 5.8 милиони забележувања на пчели, тим истражувачи од Кина, САД и Сингапур ја направија првата сеопфатна слика на диверзитетот на пчелите во светот.

САД е срцето на биодверзитетот на пчелите. Тоа е домот на далеку повеќе видови пчели отколку кој било друг регион на Земјата. Тука е важно да се има предвид и дека големи области во Африка и на Блискиот исток остануваат неистражени.

Општо земено, постојат повеќе видови пчели во северната хемисфера отколку во јужната, што значи поприсутни се во суви и умерени области отколку во тропските.

Тоа е спротивно на вообичаеното правило во биологијата дека диверзитетот на видовите (на повеќето растенија и животни) се зголемува со приближување кон тропските области и се намалува кон половите. Пчелите се исклучок од ова. Ова е бидејќи дрвјата , доминантниот растителен вид во тропските области, обезбедуваат помалку храна за пчелите отколку растенијата и цвеќињата во другите области.



Исто така, пчелите не сакаат многу влага, за разлика од нивните роднини.

Релативното отсуство на пчелите од тропските области функцијата на опрашување им ја препушта на осите, молците, дури и лебарките.

Претходните датабази на глобалната дистрибуција на пчели биле неточни, нецелосни или тешки за интерпретација. Оваа мапа јасно покажува дека пчелите преферираат суви и умерени зони. Ова на науниците им дава многу потребна основна линија за предвидување на географската дистрибуција на пчелите и за интерпретирање на релативната разновидност на видот.

Сепак, во последниве декади популацијата на пчели се намалува. Во САД, нивниот број се намалил до 6% помеѓу 1948 и 2008. Во Европа, 12 диви видови се критично загрозени.

Пчелите типично посетуваат 90% од главните типови на посеви. Нивната заштиа е особено важна и итна во земјите во развој, каде недостасуваат познавања и каде многу посеви зависат од опрашувањата од локалните видови пчели.

Извор: Big Think