Дубровничката книжевност - српска или хрватска?!

01.02.2022 10:37
Дубровичката книжевност - српска или хрватска?!


Секоја расправа за она што конвенционално го разбираме како хрватска или српска книжевност мора да започне од претпоставката дека се работи за исклучително слоевито, историски-контекстуално одредено прашање на кое не постои единствен одговор со кој ќе ги објасниме сите етапи на тој однос. Дури и ако се држиме до традиционалниот модел на национална историја на книжевноста, непорекливо е дека хрватската и српската книжевност во различни историски мигови во поголема или помала мера се приближуваат и преклопуваат, делејќи атипично голем дел од традицијата, како народната версификација, фолклорните мотиви, а на крајот и оној за книжевност прилично важен детал – јазикот.

Атипично во однос на што? Секако, во однос на вообичаените контакти на национално разграничените книжевности – како што Зоран Кравар во својот типично трезвен манир ќе забележи во средината на осумдесеттите години, кога националните филологии веќе наголемо работат на нормализација на идеологијата што ќе доведе до колежот во деведесеттите, тогашните „развојни стадиуми на хрватската и српската книжевност се поврзани, имено, со неколку елементи какви на други културни и етнички простори често се покажуваат како доволни фактори на интеграција на книжевниот живот“, имплицирајќи дека изборот помеѓу означувањето на нашите книжевности со еден или со два назива е прашање на политички однос кон националното прашање, а не на филолошки и историски докази.

Ништо од наведеното не ја загрозува можноста за нашите книжевности да зборуваме и во рамките на националниот модел, ако баш сакаме и можеме тоа методолошки значајно да го оправдаме, како што фактот дека Никола Зрински воедно и Зринји Миклос, клучна личност во унгарската традиција, никако не го зарозува статусот на неговото дело во конструктот на хрватската книжевна традиција. Идејата, значи, за строго одделени национални книжевноисториски низи не само што е евидентна бесмислица, туку е и целосно непотребна бесмислица, дури и од перспектива на многу конзервативното разбирање на историјата на книжевноста. За жал, разбирањето на историјата на книжевноста што окупира значаен дел од хрватската национална филологија не е само конзервативно, туку и често отворено поддржува националистички и ревизионистички наративи.

Примарна функција на таквите книжевно-историски модели е интелектуалната легитимација на националистичката конструкција на хрватската книжевна и културна традиција, кои наголемо владеат со нашиот јавен простор. Тие се секако речиси исклучиво насочени кон хистерична демаркација во однос на српската книжевност, култура и јазик, обележана со шовинистичката слика за хрватската припадност на т.н. западноевропски културен круг и слични фантазии на нашата транзициска буржоазија. А ако говориме за таквите фантазии, постои ли поголема од Дубровник, нашиот Град, нашата Република, нашата Атина во која сите некогаш разговарале во сонетна форма и пуштале ветрови во двојно римувани дванаестерци? Токму дубровачката книжевност, како наследство од несомнено значење и вредност, во неколку наврати доаѓала во центарот на неодмереното внимание на нашиот политички, медиски, академски и културен мејнстрим, особено во последниве десетина години, кога во неколку наврати се покреваше расправа околу вбројувањето на Иван Гундулиќ и Марин Држиќ во едицијата Десет векови српска книжевност, како и друго „???“ изданија на српските филолози.

Врзаните размени помеѓу хрватските и српските културни институции, академските заедници и политичките претставници се сјаен пример за националистичко рефлектирање дотолку што во темелот на конфликтот стои во целост идентична логика, идентичен модел на разбирање на традициите на кои и едните и другите ги базираат своите ставови. Така на пример, од хрватска страна слушавме за обидите дубровничката книжевност да се одвои од „нејзината хрватска суштина“ и за српскиот „комплекс на недостаток од ренесанса и барок во сопствената културна историја“, што се вџашувачки зборови на Славица Стојан, претседателка на Огранокот на Матица хрватска во Дубровник и соработничка на Заводот за историски науки во Дубровник. Од друга страна, само по себе, тврдењето на уредникот на спорната библиотека на Матица српска, академикот Миро Вуксановиќ, дека „не е логично, погрешно е, по сегашните важечки политички и национални атрибути да се раздвојуваат дубровничката и бококоторската книжевност“, звучи релативно трезвено. Односно, така би звучело кога Вуксановиќ потоа не би ги вметнал, со мирна душа, претставниците на истата таа книжевност во едиција која, повторуваме, е насловена „Десет века српска книжевност“. Да замислиме, поради јаснотија, дека Вукановиќ всушност изјавил дека „не е логично, погрешно е, по сегашните важеки атрибути носорогот да го нарекуваме подвид на ананас“, истовремено уредувајќи едиција по има едиција чија смисла е да се покаже дека носорогот е подвид на ананас – за таков вид дисонанца говориме во случајот на неговото изјаснување на оваа тема.

Споделениот проблем на двете страни е што припадноста на одредена конструкција традициите ја дефинираат преку некое инхерентно својство на писателот или делото – на пример, на претпоставен етницитет или јазик – наместо по пат на разбирање на процесите на селекција и проекција на националниот континуитет во периодот на кој со векови му претходат воспоставувања на национални, етнички и други идентитети во денешна смисла. Притоа, решението не е моделот на национална историја едноставно да се отпише како конструкт што почива на анахронизам, туку него треба да го разбереме како конститутивен елемент на модерната институција на книжевноста што ги обликувал односите на писателите со книжевното наследство и влијаел врз нивното позиционирање во однос на традицијата. Од таа перспектива не е пресудно прашањето дали делата на дубровничките писатели го претставуваат, како што вели Вукановиќ, „заедничкото наследство на народните говори, односно штокавското наречје“, кое „во својата основа го имаат новоименуваните (хрватскиот и српскиот, заб. ав.) јазици“; далеку е поважно како тие дела и тие писатели функционираат на ниво на внатрекнижевно наследување какви се нивните одеци во „животот“ на книжевноста на некој културен простор – животот во чиј облик не се исклучиво релевантни уредничките и академските одлуки, курикулуми или институционални потези.

Конечно, од таа перспектива би вредело да се пристапи и на најскорешниот „скандал“ на оваа тема. Како што веќе добро се прошири во јавниот простор, Народнто собрание на Република Србија на крајот од декември изгласа Закон за културно наследство, во кој под „стара и ретка библиотечна граѓа“, наброена под членот 23, се наведува и „изданија на дубровничка книжевност, кои припаѓаат и на српската и на хрватската култура, заклучно со 1867 година“. Очекувано, на ваквата „провокација“ се крена националистичко цунами. „Не се работи само за присвојување на туѓата уметност, туку и на туѓата територија“, се зборови што ги изговори пратеникот Бранко Бабиќ, а бројни други политички, културни и академски угледници ја повторија во овој или во друг облик. Министерката за култура и медиуми Нина Обуљен Коржинек ја нарече таквата одредба „целосна бесмислица“ и стручно невтемелена „митоманија“, додека министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман се закани дека „сигурно ќе има одредени последици“ за Србија при отворањето одредени поглавја на пристапните прегоори со Европската унија.

Иако исклучително важно, прашањето дали може и под кои услови да се говори за некоја предмодерна книжевност како за хрватска и/или српска не е темелно во случајов. Пред се’ мораме да се запрашаме што воопшто значи нешто законски да се прогласи за национална книжевна традиција. Реакцијата на службените хрватски претставници не е само гротескна во своето доследно рефлектирање на национализмот на спротивната страа, туку пред се’ во својата прекумерност спрема еден, во суштина, темелно бесмислен чин. Дубровничката книжевност нема да припаѓа на оваа или на онаа книжевно-историска низа ништо повеќе ниту помалку затоа што така пишува или не во некоја закон. Во таа смисла, Народното собрание на Република Србија исто така можело споменатите носорози да ги прогласи за подвид на споменатите ананаси – нејзиниот новоизгласан закон нема значајно поголемо влијание врз комплексните, живи процеси на воспоставувањето на книжевната тадиција. Секако, тоа не значи дека не треба да се критикува како формална легитимација на одредено конзервативно сфаќање на историјата на книжевноста, но треба да се увиди безначајноста на досегот на неговите потези и, пред се’ на неговата идеолошка подлога да се одговори со поинакво сфаќање на проблемот, а не со идентична националистичка митоманија.

Македонскава верзија на текстот на неколку места е скратена.

Слики: Mike Stilkey
Извор:
Културпункт

ОкоБоли главаВицФото