Десет древни друштвени игри

01.02.2022 13:42
Друштвени игри

 

Научете десет возбудливи и интересно дизајнирани друштвени игри, стари и до 5000 години. Дел од нив се играат и денес како играта на Ур, сенет, вари, махјонг, шах.

 

1. Кралската игра на Ур

Кралската игра на Ур е најстарата друштвена игра во светот, создадена пред околу 4600 години во древна Месопотамија. Правилата на играта биле напишани на клинеста табла од страна на Вавилонски астроном во 177 г.п.н.е. Од овде кураторот Ирвинг Финкел можел да ги дешифрира правилaта – двајца играчи се натпреваруваат да стигнат со своите фигури од едниот до другиот крај на таблата. Централните квадрати биле користени и за предвидување на судбината.

 

2. Шахистите од Луис

Овие убави шаховски фигури се Шахистите од Луис. Изработени во Скандинавија во доцниот 12 век, пронајдени се на островот Луис во Шкотска околу 1831 г. Се смета дека припаѓале на трговец што патувал од Норвешка за Ирска и постојат разни приказни како објаснување зошто биле скриени таму. Шахистите се силно повлијаени од Нордиската култура. Ова е најочигледно во фигурите на ловецот и топот, кои личат на Берсеркери, жестоки митолошки воини.

 

3. Вари

Вари е игра на пресметка и стратегија популарна во западна Африка но и на други места во светот – можеби сте ја чуле под името манкала. Целта на играта е да се „заробат“ семињата на противникот, со преместување од шесте дупки во „банката“. Оваа друштвена игра е направена во Сиера Леоне и е впечатлива поради подробната скулптурална база. Декорирана е со животно, можеби свиња. За игра се користат 48 ситни фигурички. 

 

4. Сенет

Уживана од Тутанкамон и од Нефертити, сенет е една до најраните познати друштвени игри, датирајќи од околу 3100 г.п.н.е. Таа се состои од 30 квадратчиња, наредени во три реда од по 10. Двајца играчи се натпреваруваат да ги дотуркаат сите свои фигури до крајот од таблата, користејќи стапчиња или коски наместо коцки за одредување на бројот на квадрати што треба да се поместат со секое фрлање.

На папирусот подолу, што датира од околу 1250-1150 г.п.н.е., во Теба, еден лав игра сенет со една газела, и покрај тоа што тешко ги држи фигурите.




5. Махјонг

Прв пат играна за време на династијата Кинг во Кина (1644-1912), махјонг е страгиска игра со плочки. Плочките се традиционално декорирани со кинески зборови, бамбусови гранчиња и точки, а посебните плочки се обележани со ветрови, змејови, цвеќиња и годишни времиња. Овој комплет содржи 144 фигури изработени од бамбус и коска, и секоја плочка тежи само 6 грама. Ја играат четири играчи кои собираат и ослободуваат фигури, и целта е сите 14 плочи да се поделат во 4 сетови и еден пар. Махјонг на запад била претставена во 19 век и станала многу популарна.

 

6. Играта на гуската

Најстрата комерцијално произведувана друштвена игра е Играта на гуската, која е игра на среќа и не вклучува воошто стратегија. Франческо де Медичи прв ја подарил играта на Филип II од Шпанија помеѓу 1574 и 1587 година, и потоа брзо станала популарна низ Европа. Примерите подолу потекнуваат од 1774 до доцниот 19 век, и ги претставуват правилата на француски, германски и италијански јазик. Целта на играта е да се доведе фигурата до средината на таблата, со вртење коцка. Некои полиња се придружени со посебни правила - на пример, ако застанеш на бројот 58 мора одново да ја започнеш играта, или на бројот 19 може да бидеш казнет и да чекаш до следното вртење. За да победи, играчот треба да собере 63 полиња.

 

7. Играта со коцки на Ајант и Ахил

Изработена во Атина околу 530 г.п.н.е., оваа амфора ги прикажува Ајант и Ахил, двајцата херои од Тројанската војна, како играат друштвена игра, можеби со коцки. На таблата за играње се гледаат седум фигури или коцки. Ајант посегнува да подигне една од неговите фигури за следното фрлање. Така го минуваат времето помеѓу борбите. Не можеме да бидеме сигурни која игра ја играле но еквивалент може да биде бекгамон, што се игра и со фигури и со коцки. Датира од пред околу 5000 години во Месопотамија, и разни верзии биле играни во Византиската империја во 5-иот век и во Персија во 6-от век.

 

6. Сугороку

Прв пат донесена во Јапонија во 8-от век, сугороку изворно била комплексна игра на двајца луѓе со пар коцки и по 15 фигури за секој играч, популарна помеѓу јапонската елита. Во периодот Едо (1615-1868) биле изработени евтини литографии што овозможило да стане широко популарна. Во поглед на стилот е слична со западните змии и скали, а овој пример од 18 век го користи хиерархискиот статусен систем, од трговец до еснаф, земјоделец и воин во растечки редослед. Може да се игра со двајца или повеќе луѓе, кои напредуваат со своите фигури според вртењата на коцките по спирала. Секој играч започнува во полето за „трговец“, во долниот десен агол, и целта е да се достигне најголемото поле во центарот, со илустрација на самурај што го повлекува мечот во присуство на високи дворјани. Секое поле е илустрирано со различно занимање, вклучително рибари, аптекари, свештеници, доктори и учители.

 

9. Пачиси

Пачиси е индиска игра играна барем од 16 век на табла во облик на симетричен крст. Целта на играта е сите фигури на таблата да се поместат пред противниците да го направат тоа, додека централното поле е почетна и крајна точка. Бројот на полиња преминати со секој потег се одредува со фрлање оклопчиња од каури (вид полжави), и бројот на оклопчиња што ќе паднат со отворот наголе го одредува бројот на полиња.  Името на играа потекнува од индискиот збор paccīs што значи 25, а тоа е најголемиот број на поени што може да се постигне со едно фрлање. Според приципите на Пачиси била создадена играта Лудо, нејзина поедноставена верзија, во Англија во 1896.

 

10. Мехен

Именувана според египетскиот бог на змиите, играта мехен се играла помеѓу 3000 г. п.н.е. и 2300 г.п.н.е. Таблата е во формата на склопчена змија, чите тело е поделено на правоаголни делови. Тимови од по шест играчи се тркаат од опашката до главата и назад, користејќи додатни фигури за играње во форма на лавови. Правилата и системот за бодување во оваа игра не се понати, но модерен еквивалент би била играта хиена – северно африканска игра кајшто играчите туркаат една главна фигура по спирален пат од надворешноста (селото) до центарот (бунарот) и назад. Првиот што ќе заврши поедува и ќе ослободува хиена, која потоа трча назад по спиралната патека и попатно ги јаде фигурите на останатите играчи. 
 

Извор: British Museum

ОкоБоли главаВицФото