1017 hPa
54 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 22:59
Џесика Калдервуд, американска уметница, изработува деликатни фигурички од мешани материјали, со кои го тематизира женскиот идентитет. Нејзините неидентификувани жени се покриени со точкасти сводови, ткаенини или цевки, со тоа привремено заробени од сопствената околина. Нивните единствени препознатливи карактеристики стануваат ситните чевлички или чорапчињата на риги шти ѕиркаат од под маската.
Според Калдервуд, ова скривање служи како „негација, цензура или негирање на она што постои однатре. Овие антропоморфни суштеств се едновремено моќни и немоќни, прекрасни и апсурдни, надуени и ампутирани“.
Извор: This Is Colossal