НаТочак: Општините имаат речиси полна одговорност за превентива во сообраќајната безбедност

03.02.2022 11:59
НаТочак: Општините имаат речиси полна одговорност за превентива во сообраќајната безбедност

 

Ослободување, уредување и проширување на тротоарите и пешачките зони, воведување велосипедски патеки и ленти, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови, стеснување на коловозните ленти за постигнување на намалување на брзината на улиците до 30, односно 20 километри на час.

Ова се барањата на граѓанската иницијатива НаТочак, испратени во допис до Град Скопје и до сите скопски општини по неодамнешните фатални сообраќајќи со смртни последици за пешаците.

Тие побараа опшините и Градот да споделат како планираат да го адресираат овој проблем во најкус можен рок, преку донесување на конкретни мерки.

„Општините и Градот Скопје самостојно во рамки на законите ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење“, стои во соопштението, потенцирајќи дека „општините имаат речиси полна одговорност за превентивата во безбедноста во сообраќајот.“.

„Безбедноста во сообраќајот, заштитата на животната средина, намалувањето на бучавата и превентивните активности за унапредување на здравјето треба да се видливи во сите урбанистички планови, сообраќајни проекти, инспекциски активности кои се во надлежност на општините.“

Притоа, иницијативата бара општините да ги преземеат следниве три конкретни мерки:

  • Ослободување, уредување и проширување на тротоари и воведување пешачки зони (Правото на слободно движење треба да биде гарантирано на сите. Не треба да се објаснува дека принудното движење на пешаците по коловоз ја загрозува нивната и безбедноста на сите);
  • Воведување велосипедски патеки/ленти (кое не е само добивање простор за велосипедски сообраќај, туку и смирување на брзините на возилата, скратени премини преку коловоз за пешаците итн., докажано влијае на безбедноста на сите, не само на велосипедистите);
  • Воведување на Зона 30, Зона 20 и физичко смирување на сообраќајот (со стеснување на ленти за автомобили, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови и сл.).

НаТочак додаваат дека небезбедно дизајнираните улици и сообраќајните решенија низ Скопје доведуваат до тоа пешаците и велосипедистите да бидат најранливи учесници во сообраќајот, иако токму тие треба да се најзаштитени.

„Иако теоријата (едукацијата) кажува дека пешаците имаат предност, кога општините ги третираат пешаците како најмалку важни при планирањето на улиците, тоа се рефлектира и во перцепцијата и третманот и на возачите и со тоа безбедносниот систем е нарушен“, укажуваат тие додавајќи дека фокусот на изведба на улиците не треба да биде брзината или овозможувањето на бесплатно бесправно паркирање.

Од НаТочак бараат од Град Скопје и од скопските општини да овозможат увид и учество со конструктивна критика во плановите за подобрување на сообраќајната безбедност.

Покрај ова, тие ги повикуваат сите граѓани и лично да испратат дописи до нивните општини, градоначалниците и советниците за да споделат критични точки каде што сметаат дека нивната безбедност во сообраќајот е нарушена.

Извор: На Точак / Мета

ОкоБоли главаВицФото