Што се' мораат да жртвуваат луѓето со попреченост за да бидат видени?

03.02.2022 18:02
Што мораат да жртвуваат луѓето со попреченост за да бидат видени

 

Постои нешто во животот на лицата со попреченост што е толку вознемирувачко што никогаш не можам да се оттргнам од тоа чувство - затоа што лично го познавам.

А тоа е дека за ја добиете поддршката на јавноста, за некој да разбере како живеете, да ви помогне за нешто што треба и онака да го имате - својот живот треба да го направите јавен, медиумите да ви влезат во домовите, граѓаните да постираат ваши слики, својата приказна да ја направите толку јавна што сите ќе знаат како ви се движи и последниот мускул на телото.

Кога немате избор и тоа ќе го дадете. Нема друг начин како да ја споделиме ваквата реалност освен преку медиумите, но медиумското експонирање е огромен товар за оваа заедница, за семејствата, за блиските, за сите.

Оваа заедница живее во два екстреми: едната (поголемиот дел) скриена дома, далеку од очите дури и на соседите, а не пак од медиумите или јавноста. Во другиот екстрем спаѓаат оние што веќе немаат друг излез и се принудени својата приказна да ѝ ја дадат на јавноста.

Случката со Ембла е тажна, разочарувачка, едноставно нечовечка.

Секој ден во ова општество е пораз. Пораз за една заедница којашто со самиот факт што живее во вакво општество, пркоси.

Се надевам дека ова нема да го заборавиме. Дека до крај ќе испочитуваме колку ова семејство ни даде нам за колективно да се освестиме. Бидејќи лицата со попреченост не може бескрајно да им ги должат своите приватни животи и интими на останатите граѓани.

Слика: Dadu Shin
Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото