Претстава

07.02.2022 11:45

На сцената се наоѓаат трговски претставници на народот и ужасно се навредуваат и пцујат.

Завесата паѓа и се подига, на што изведувачите не обрнуваат внимание и продолжуваат да се „објаснуваат“.

- Каква врска има што се борам за неправедна работа ако тоа го правам искрено?

- А каква, пак, има врска што јас сум неискрен ако се борам за праведна работа?

Тука се поздравуваат.

Завесата се спушта и подига.

Тие тоа го забележуваат и продолжуваат да се пцујат и навредуваат.

 

Превод: П. В.

Жак Превер е француски поет, претставник на надреализмот и симболизмот. Роден е на 4 февруари 1900 година во Неи на Сена, предградие на Париз. Анархист, одметник и сонувач, Превер во својата хуманистички ангажирана лирика зборува за животот во различните негови аспекти. Умрел на 77-годишна возраст.

Попознати негови дела се стихозбирките: „Зборови“ (1945); „Спектакли“ (1951); „Дождот и убавото време“ (1955); „Куп од разни нешта“ (1966); „И други работи“ (1972)...

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото