1017 hPa
61 %
22 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 23:59
Жарко Ратковски, 50-годишен скопјанец, кој се бори против ковид-19 со ивертемектин, изјави дека е зачуден од фактот што има луѓе кои за тоа користат Павловиќева маст.
Ратковски вели дека не му е јасно од каде на поединци им текнало дека Павловиќевата маст лечи од ковид-19 кога нема видео на ЈуТјуб што го потврдува тоа.
- Зачуден сум што има лудаци кои користат целосно неиспитани работи за лекување на ковид-19. Можно ли е во 21 век да не седнале да пребаруваат на интернет, зашто ако барале, би виделе дека нема видео на Јутјуб што докажува дека Павловиќевата маст има некаков ефект во борбата против короната, за разлика од многу видеа што зборуваат за ивермектинот - се запраша Ратковски.
- Навистина загрижувачки е тоа што има поединци кои се подготвени да веруваат во целосни небулози, а уште полошо е што се однесуваат толку неодговорно за време на пандемијата. Како не размислуваат дека со користење на сосема недокажани методи на лекување може да се загрозат и себеси и другите. Се надевам дека барем малку ќе се вразумат и дека од Павловиќева маст ќе преминат на ивермектин, пред да биде предоцна - изјави овој скопјанец.
Тој додаде дека не му е јасно како луѓето не тргнуваат од тоа дека Павловиќовата маст е всушност маст, а не лек како ивермектинот.
- Потребно е само малку да се вклучи мозокот и се’ ќе биде јасно - објасни Ратковски.
Приспособено од Њуз