Креденец со стаклени куриозитети

12.02.22 19:55

Рекреации на ситни медузи со опасни пипала, планктони и други нежни морски суштества се затворени во високи, проѕирни епрувети, во уметничкиот проект на данскиот уметник Стефен Дам.

Дам минијатурните организми ги обликува во стакло и ги прикажува во дрвени кутии или во кабинети за лекови кои потсетуваат на креденците со куриозитети од 16-тиот век. Ваквите енциклопедиски збирки, генерално во сопственост на аристократи и монарси, им претходеле на музеите и содржеле предмети вредни за научно проучување и кои предизвикувале зачуденост и стравопочит.

Иако скулптурите на Дам користат бои, текстури и облици на реални примероци, неговите имагинативни дела се инвентивни толкувања на еволуцијата и биологијата.





















Извор: This Is ColossalМинијатурните организми обликувани во стакло се прикажани во дрвени кутии или во кабинети за лекови кои потсетуваат на креденците со куриозитети од 16-тиот век.

 

Рекреации на ситни медузи со опасни пипала, планктони и други нежни морски суштества се затворени во високи, проѕирни епрувети, во уметничкиот проект на данскиот уметник Стефен Дам.

Дам минијатурните организми ги обликува во стакло и ги прикажува во дрвени кутии или во кабинети за лекови кои потсетуваат на креденците со куриозитети од 16-тиот век. Ваквите енциклопедиски збирки, генерално во сопственост на аристократи и монарси, им претходеле на музеите и содржеле предмети вредни за научно проучување и кои предизвикувале зачуденост и стравопочит.

Иако скулптурите на Дам користат бои, текстури и облици на реални примероци, неговите имагинативни дела се инвентивни толкувања на еволуцијата и биологијата.





















Извор: This Is Colossal

Слични содржини

Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото