Тријадата: слобода, чудо и игра

14.02.2022 18:44
Тријадата: слобода, чудо и игра

 
Владимир Јанковски: Надреалистичката поетска тријада беше: слобода, љубов, сон. Која би била Вашата поетска и, воопшто, животна тријада?

Влада Урошевиќ: Во времињата на моите книжевни почетоци постоеја кај нас повеќе видови притисоци врз уметноста. Не сум сигурен дека и денес не постојат, само се можеби помалку видливи. Затоа тријадата што би ја претставувала основата врз која се базира мојата поетика, можам да ја формулирам како некаков вид барања. Тоа, значи, би биле три постулати од кои никогаш не би се откажал. Првиот: слободата на имагинацијата. Тоа го вклучува непокорувањето на законите на миметичкото пресликување на стварноста, на законите на логиката, на правилата што ги пропишува догматскиот реализам кој во некои мигови успеваше да се наложи како некаква севажечка практика. Другиот: верувањето во чудо. Тоа е нешто што не го поврзувам само со творечкиот чин: тоа е кај мене, може да се рече, животен став. И третиот: правото на игра. Тоа не значи дека уметноста не кажува некои суштински нешта, но дека необврзноста, десакрализацијата, комбинаториката, алеаторноста, нарушувањето на канонизираните, ограничувачки правила, се елементи што ја спасуваат од претворање во инструмент кој треба да служи, пред сѐ, за педагошки, патриотски, идеолошки, утилитарни цели. Појдете кон уметничкото творештво со намера да одговорите на најважните можни прашања, да ги решите клучните проблеми на епохата, да ги поправите човекот и светот – и јас ви гарантирам дека ќе завршите пишувајќи жални баналности од најплиток вид.


(Од разговорите што ги водел Владимир Јанковски со В. У., објавени под наслов „Слободата на имагинацијата, верувањето во чудо, правото на игра“, во „Сараевски тетратки“, бр. 49-50, од мај 2016)

 

Слики: Henry Rousseau

ОкоБоли главаВицФото