Стручна анализа на рекламата за „Ќе имаме бебе“

13.01.2011 12:44
Стручна анализа на рекламата за „Ќе имаме бебе“

Многумина ми рекоа дека рекламава била за абортус (или против истиот, сеедно), па дури така пишува и на видеото, ама јас во ниту еден момент, гледајќи ја, не добив таква порака. Оттаму, се решив дека е редно да се направи една стручна анализа на рекламата за „Ќе имаме бебе“.

Ќе започнам со локализацијата. Според параметрите што ни се дадени во позадина, дознаваме, од рамковизискиот пренос, дека во мигот се игра натпревар на Арсенал. Спомнати се Адебајор и Фламини (значи морало да се игра пред вториов да се одлучи за пензија во Италија), а бранел Ал Хабси (значи, се играло против Болтон). При споменувањето на 2:2 како израмнување, веќе станува јасно оти тоа е највозбудливиот натпревар во 2008 година, Болтон – Арсенал, кога пресвртот беше завршен во последните секунди од продолжението, за финални 2:3. Значи, оваа неверојатна драма се одвива на 29 март, 2008 година, на ден сабота, некаде непосредно по 17.30 часот.

Станува јасно дека малиот е веќе роден и до сега е неухранет, посвоен од некои среќни родители или пак, си живурка во некој дом за деца без родители. Зошто? Е па, вака, кога типкава го кандисува дека условите не се важни, зашто потрошиле илјадарка во кафана и со тие пари ќе купувале пелени, станува јасно оти не само што немаат услови, туку оваа малку живее во некој друг свет. Имено, според фактот што по кафаната, немале пари да си купат кондоми, јасно е дека месечниот буџет за излегување им е илјадарка. Ете пари за пелени, ама бебето не мора да јаде, не мора да прима вакцини, не мора да оди на педијатар и во никој случај не му е потребна облека, помагала или пак играчки. (Пресметајте колку долго ќе живее само на пелени.)

На крајот од рекламата добиваме порака дека требало да избереш живот, зашто имаш право на избор. Во кој момент од времето и просторот, во оваа држава, без разлика на политичкото и општествено уредување не сте имале право на избор, особено кога се работело за живот? Ако вие немате право на избор, кој има право да го направи изборот место вас? Оттаму, оваа реклама е директна контрадикција на кампањата која треба да ја поддржи.

Реализмот е еднаков на нула. Навивач на Арсенал не може да биде кандисан за што и да е, за помалку од минута и пол. Топчија е во состојба да се убедува со вас (дури и кога не е во право!) со денови, за на крај да не се договорите апсолутно ништо. Ама па од друга страна, јасно ми е зошто е избран навивач на Арсенал. Да беше од Тотенхем, во мигот кога ќе му соопштеше: „Ќе имаме бебе“, следниот кадар веројатно ќе беше како ја крши вратата бегајќи.

Туку, ме мачи една друга дилема. Зошто типкаваа воопшто го кандисува овој? Како жена, дали ќе има бебе или не, нејзино право е да одлучи. По природниот тек на нештата, тој не би требало ниту да има мислење. Она што тој треба да го каже е дали: ќе остане крај неа, дали ќе ја земе за жена (од најпогрешните причини!) или пак ќе се одлучи да навива за Тотенхем (т.е. да замине некаде далеку).

Ако рекламава праќа некаква порака, тоа е дека двајца незрели луѓе, без услови за одгледување деца, како по некое правило, донесуваат крајно погрешна одлука. Не само што ќе се затворат дома засекогаш (оти и онаа илјадарка што ја имале еднаш да отидат некаде во месецот, сега ќе ја немаат), туку ќе му го загорчат животот и на ново дете, што ни криво ни должно, се родило. Оттаму, стварно не ми е јасно, кој живот го одбраа и за чие добро?

Извор: babamitrajanka.blogspot.com

Прва лига. Али (ах!), јас

Прва лига. Али (ах!), јас лично имам еден проблем. Зборуваме за убиство. Кој вели поинаку, клевеќе и лаже (или не знае).

И јас се сложувам дека, во

И јас се сложувам дека, во принцип се работи за убиство. Ама со евтина пропаганда проблемот не се решава, се решава со евтина контрацепција.

Морам да се согласам дека

Морам да се согласам дека анализава ти е добра! Но,во насловот велиш стручна. Ти си некој стручњак, по што? Без разлика на се' според мое мислење оваа реклама е созададена да ја поттикне културната свест кај младата македонска популација. Навистина е така како што велиш нема да одречам,но зарем сите млади треба да абортираат. Каде би не одвело тоа како општество? Нашите млади во кои спаѓам и јас треба најнапред да сфатат дека треба да користат презервативи за да не дојде до несакани последици, како второ да ја сфатат големината на еден човечки живот, и се разбира обврската за тоа што значи да бидат родители. На пример конкретно во рекламава идниот татко гледа фудбал, за промена би можел некаде да работи! Како и неговата идна сопруга, но за жал во нашево општество младите целосно почнаа да се потпираат на пензиите на своите родители. Па ви се молам, каде во која друга земја се видело внукот да биде издржуван од дедото и бабата! Но, за тоа не се криви само младите, туку и нивните родители кои и ја пружат целосната подршка. Свестете се! Ако навистина сакате да бидете како овие од рекламава подобро немајте деца, но сепак ја подржувам оваа кампања против абортусот кој може да биде фатален за една жена, а уште повеќе за една млада девојка. Затоа најголемо разбирање треба да имаат нивните момчиња и да бидат одговорни кон самите себе и кон нивните девојки. КОРИСТЕТЕ ПРЕЗЕРВАТИВИ!:)

Daj ne tropajte, kakvo

Daj ne tropajte, kakvo ubistvo normalni li ste
?

Со кирета, под анестезија. Со

Со кирета, под анестезија. Со согласност и општествено прифатено. Деца, ставајте куртони, спирали, пијте таблети, вадете го навреме, следете календар или - сносите одговорност. Ако не кривична, морална,. Заебете црква,, сите знаеме што е исправно а што не.

Мало дополнување на

Мало дополнување на анализата, да расчистиме некои дилеми, нема да се побуни авторот се надевам. Некои од вас секако ги потценуваат режисерот и сценаристот на рекламицава, сметајќи ги за прилично глупи, без никаков осет за спот, избор на глумци, камера, дијалог итн... Јас секако, како голем мудрец, веднаш ја сфатив логиката во рекламата и генијалноста на нашиот двоец. Базирајќи се на креативноста на сценаристот и инвентивноста на режисерот (не е исклучено дека се иста личност), да забележам дека навивач на арсенал е избран бидејќи Венгер е познат по прибирање на млади француски дечурлаци и разни афрички бебишта од кои после создава успешен тим- како што навивачов ќе создаде успешна фамилија. Во дел од рекламицава може да се забележи присутната нервоза кај младичот, која верувам дека доаѓа од простата причина дека утакмицава му е пишана двојка. Ако е точна претпоставката дека завршило 2-3, младичот е добитен а сценаристот со еден удар тепа 2 муви. Бебето е финансиски обезбедено од добивката, воедно меѓу редови ни сугерира нам, на тие што се уште не сме решиле да имаме дете- да се кладиме до смрт, тоа е иднината за нашите поколенија. Ама Чомски сум, дасибам. Имам и други моменти доловено, ама ме мрзи а и веќе ми е предолг коментарот.
Инаку, секоја чест за рекламата, ме препороди, а долго размислував за тоа дали да имам бебе. Машко сум ама после оваа реклама ми доаѓа да си родам бе, и да си го доам бебецот сам од шо ми е кеиф (впрочем нели жените цел век се борат да бидеме еднакви и впрочем и сме еднакви- зошто да не си го доам сам-). Воедно и честитам и на нашата влада во успешните обиди и кампањи да не убеди да се размножиме. Of mice and men...

Covekot si navija za Bolton.

Covekot si navija za Bolton.

Posle ovaa reklama prestanav

Posle ovaa reklama prestanav da ebam. Sakam, no ne mozam. Do vladata na R.M.(Damn you all to hell!).

Кампања тежок идиотизам. Ме

Кампања тежок идиотизам.
Ме плаши дека знаат шо праат, дека си имаат една асална таргет група шо ќе си ја шмукне рекламава ко реалност.
Абортусот, може да се глеа ко убиство, ал дефинитивно сум за и ако е тоа, јесте тоа гледиште го наметнаа идиоти кои мислат дека немале да се родат ако нивните имале пари да абортираат(трололололо)

Се согласувам со горниот

Се согласувам со горниот коментар апсолутно...

Прво и основно, луѓево треба да сфатат дека растење и воспитување на дете е тежок, макотрпен и комплициран процес. Со оглед на тоа дека најважен, основен и примарен фактор во образувањето и формирањето на една личност е домот и се' што му е овозможено ( или не му е ) таму, мислам дека двајцата родители треба убаво да размислат дали се во состојба да си дозволат еден таков лускуз. Така што, не е поентата само да раѓаме и да се котиме цело време! Не сме ни шиптари, ни цигани, фала богу. Ете ви пример, тие речиси никогаш на абортираат, ги раѓаат над шест деца... И што станува со децата??? Се извинувам ако навредив некого, но реално таа е ситуацијата... :) Со чест на исклучоци.

Родителите треба да бидат подготвени за нешто такво, треба да видат возрасни, психички здрави личности и доволно финансиски потковани. Во спротивно, децата прераснуваат во исфрустрирани, искомплексирани личности со патолошки проблеми. :D

Имам милион примери за такви личности, од моето секојдневие.
Опрајте се, АБОРТУСОТ НЕ Е УБИСТВО!

Ќе употребам едно клише што се врти во возхух последниве години, а тоа е :

AКО АБОРТУСОТ Е УБИСТВО, ОНДАК ДРКАЊЕТО И МЕНСТРУАЦИЈАТА СЕ ГЕНОЦИДИ!

И така и е. :)

Изборот е мој и јас сама си решавам дали ќе абортурам или не. Нема дискусија за тоа. Јас решавам за моето тело, јас решавам за мојата иднина, јас решавам за иднината на моите деца. И би сакала да им овозможам сјајна иднина, доколку мислам дека не можам во моментот-ќе почекам да дојде времето кога ќе можам.

Затоа, престанете да се занесувате и да поддржувате глупи кампањи, направете нешто корисно. Размислувајте со свој мозок и не дозволувајте да ве манипулираат одредени поединци, кои СЕКОГАШ имаат скриени и задни намери.

А рекламава, многу е дебилна. МНОГУ ! :)

Ти секако можеш слободно да

Ти секако можеш слободно да решаваш дали ќе абортираш или не. Абортусот не е кривично дело. Но, тоа не значи дека јас не можам поаѓајќи од извесна философска позиција да заклучам дека тој е убиство. Имено, ставање знак на равенство меѓу абортус и дркање или менструација е потполно погрешно. Затоа што од спермата или од мензисот не може да се роди дете, под било какви услови. Нов живот се создава само во мигот на спојување на спрематозоидот и јајце-клетката. Тогаш се создава нов квалитет, кој не е прост збир на јајце клетката и сперматозоидот, туку премин во нов состојба, т.е. живот. Секој прекин намерен прекин на начиј живот е убиство. Инаку во целост сум согласен абортусот да биде легален, бидејќи во спротивно последиците се далеку поштетни, но неговите етички димензии остануваат бајаги спорни.
А рекламата е ептен ДЕБИЛНА.

Поаѓајки од извесна

Поаѓајки од извесна философска позоција ( или пак извесна религиозна позиција ), можеме да заклучиме дека фрлање во река со степен на загаденост колку Вардар, на ладно време, има јасна поента и длабока суштина. ( си нема никаква поврзаност споредбава, меѓутоа ми текна затоа што го видов ова и се смеев okno.mk/sites/default/files/images/izberi-zivot.jpg )
А реално нема, нели? :D

Затоа, актот на абортирање може да го гледаме од од биолошки, етички, правен, социолошки, психолошки и медицински аспекти. Од биолошки аспект, секако дека е убиство, но е убиство на еден збир од клетки кои штотуку почнуваат да се развиваат. Абортусот не е уништување и одземање на живот. Кога се абортира, се абортира ФЕТУС - а не бебе. Бебето претставува нов, млад живот. Фетусот означува група на клетки кои се во развиток и кои тек допрва треба да станат живот.

Дали фетусот поседува психа?
Не, затоа што како што пишав погоре, фетус е збур на клетки, а аналогно на тоа не може да поседува психа. А психата, покрај останатите важни компоненти, е можеби и најважен критериум по кој можеме да разликуваме живот и потенцијален живот. Фетусот може да поседува апсолутно совршени предиспозиции да од него да образува живот, меѓутоа во моментот кога за него се решава дали ќе му се продолжи развитокот до живот или ќе биде абортиран тој НЕ Е живот, а со тоа чинот на абортирање не е убивање на истиот.
Затоа, прашањето дали да се абортира може да се поставува до одреден период од развитокот на фетусот. После одреден период на развиток ( поточно после 10тата недела од зачнувањето на фетусот ) последиците за мајката можат да бидат фатални и сериозни, па бидејќи етички е сосема погрешно мајката да умре за еден фетус, или пак да се здобие со сериозни повреди - не се врши абортус.

И треба да се размислува и за одредени последици.

А во држвава каде шо народот е неспособен, прост, глупав, дезинформиран и лаик кога се во прашање политиките на владините органи и партиите, идеологиите се издигнати на ниво на религии. Тешко е да не си создаде човек еден негативен став, по инерција, па дури и аверзија кон се' и сешто, поради неколку сакати чекори на патот кон преродбата...

Ама пуста влада, инвестира во кампањи за расплодување и котење на народот небаре сме животнињи. Приоритет има купче клетки и ткива, наместо веќе родените деца. Почнуваат да градат куќа од кровот, а не од темелите. Само уште една лошо препишана христијанска шема, се разбира немерно, затоа што нели буџетот за трошење е...
Уште и ветуваат некој бонус на ситни пари, за секое ново родено дете... Не знам дали се свесни дека психички здрави, нормални и интелигентни луѓе не се лажат на ветувања од типот "come inside the van, we have cookies."
Не. Се знае кој се лаже и се подДева на тоа. А ако сакаат државава да ја преполнат со таков народ, покрај тоа што веќе и го има во изобилие... Слободно нека повелат. Па после тоа ќе мрчат дека сме иделе во други држави и ќе сме барале чаре таму. Е не, ќе седам тука и ќе гледам што се' скапува и станува гнило.

И затоа кампањава врска си нема. Кога веќе превземаат нешто и се фатиле за работа, наместо да трошат време и пари за вакви брилијантни идеи, нека се насочат кон размислување како да ја разбудат свеста и како да го зголемат степенот на едукација на народов, затоа што токму вакви работи се случуваат како последици од глупаво невнимание и незнаење. Као превентива нешто, нели. Подобро да спречиш, него да лечиш.
Ама на кого да кажеш и кој да те сослуша?

Алал да ти е мајсторе!

Алал да ти е мајсторе!

ОкоБоли главаВицФото