1029 hPa
86 %
-1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 06:59
Долго пред д-р Сус, еден друг американски уметник воодушеви генерација деца и нивните родители со смешни, превртени илустрации и благо субверзивни приказни раскажани во рима - авторот-илустратор Питер Њуел.
Првично објавена во 1910 година, The Slant Book (Накривената книга) останува длабоко пријатна и многу популарна. Хумористичниот текст и смешните илустрации се искосени за да се создаде авантуристичка атмосфера. Ова класично дело ќе ги воодушеви читателите од сите возрасти додека следат како удолу по еден рид, со голема брзина, неумоливо се тркала бебе во количка.
Питер Њуел (1862-1924) ја започнал кариерата како сликар на портрети, користејќи боички како медиум. Според многумина, во неговиот фантастичен хумор е првото појавување на нежниот хумор на апсурдот кој The New Yorker последователно го разви на толку високо ниво.
.
Извор: Fairyroom