Fight Club за подобро утре

19.02.2022 00:11
FIght Club за подобро утре

 
Светската, особено американската културна јавност, деновиве многу се возбуди поради вознемирувачките вести од Кина. Како дел од широката социјална акција за излекување на кинеската култура од сомнителните прозападни трендови, државната Управа за кибернетички простор по повод кинеската Нова година започна амбициозна едномесечна акција за чистење на интернет просторот од нездрави културни содржини. Како жртва на големото чистење на кинеската стриминг платформа Tencent Video падна и култниот филм на Дејвид Финчер „Fight Club“, во кој партиските и државните цензури едноставно го изменија крајот.

Со нетрпение ја читав веста очекувајќи уште една приказна за славниот триумф на кинескиот технолошки напредок. На крајот на краиштата, тоа е режим кој надгледува милијарда и пол луѓе со огромна мрежа на камери за видео надзор, со технологија чии високософистицирани алгоритми препознаваат лица, го контролираат однесувањето, регистрираат идеолошки отстапувања и составуваат граѓански досиеја врз основа на кои ја проценуваат политичката соодветност и кредитоспособност. Затоа, не бев единствениот што од таква високотехнолошка суперсила очекував спектакуларен компјутерски генериран римејк на ремек-делото на Финчер од 1999 година, или барем на неговиот крај.

Да речеме, како што јас очекував, во финалето на филмот Едвард Нортон да се испостави дека е кинески 007, агент на Гуанбуа, Министерството за државна безбедност, и дека неговиот антикапиталистички Project Mayhem е всушност тајна операција на елитна единица на кинеската контраразузнавачка служба. Извикувајќи за бесмртниот Мао и победата на светскиот комунизам, другарот Нортон потоа на крајот од филмот, држејќи ја за рака другарката Хелена Бинам Картер, гледа како оние Финчерови облакодери исчезнуваат во експлозии од кинески интерконтинентални балистички ракети: огнови еруптираат во ноќната панорама на Лос Анџелес како атомски печурки пред кисел дожд, додека на хоризонтот руменее пламената зора на новото човештво. The End.


Ете, такво нешто очекував нешто од надалеку познатите експерти на кинеската ИТ индустрија. Освен што светот би бил понесен од славата на кинеската држава и комунистичкиот прогрес, еден таков кинески „Боречки клуб“ - несомнено - би се раширил по светските стриминг сервиси и бокс офиси, и би стане дури, хм, покултен од оригиналот.

Но, што добивме на крајот?

Како уште да се 50-ите од минатиот век, другарите партсики цензори со обични ножици од кинеска продавница едноставно го отсекле крајот на филмот со онаа величествена експлозија, па наместо тоа залепиле црн екран на кој, според извештајот на агенцијата Чинхуа, пишува: „Полицијата многу брзо го откри криминалниот план и ги уапси сите криминалци, успешно спречувајќи ја бомбата да експлодира“, the end!

Каков спектакуларен антиклимакс!

За разлика од мене, светската и американската културна јавност, сепак, воопшто не беа шокирани од разочарувачката примитивност на кинеската висока технологија. Наместо техниките на цензура од времето на Сталин и Мао, светската и американската културна јавност беа шокирани од samata интервенција во уметничкиот интегритет на филмот на Финчер и неговата „политички коректна“ реинтерпретација.

Бев, признавам, доста изненаден. Од каде овој шок и неверување кај мене?

Пред само една и пол година, отприлика, во склоп на чистењето на општеството од нездрави културни содржини на една друга, слична филмска платформа беше прво забранет, а потоа цензуриран еден друг американски класик, познатиот „Однесено од виорот“ на Виктор Флеминг од 1939 година, со Вивиен Ли и Кларк Гејбл. И што? Дали барем другарката Скарлет О'Хара и другарот Рет Батлер на крајот од цензуриранта верзија основаа работничка задруга на плантажа за памук, за другарите црнци да добиваат плати, К-15 и владини станови, за на крајот од филмот - во онаа незаборавна сцена што светот ни го обои во Техниколор – да гледаат како на хоризонтот руменее пламената зора на новото човештво? А, потоа, јасно, онаа славна „tomorrow is another day“, the end?


Не. Слично како во „Боречки клуб“, цензорите едноставно ги зеле ножиците од ефтина продавница, само што интерпретацијата на филмот не ја залепија на крајот туку – на почетокот! Во урнебесен римејк класикот на Флеминг сега започнува со едукативно петминутно видео со наслов „Што треба да знаете додека го гледате ‘Однесено од виорот“, на на другарот гледач му го објаснува историскиот контекст на филмот и го поттикнува на дискусија за робовладетеслството, расизмот , корените на американскиот капитализам и болестите западното општество.

А сепак, глеј чудо, светската и американската културна јавност воопшто не се вознемирија. Ниту некој беше шокиран од забраната на филмот на Флеминг, ниту пак некој беше шокиран од неговата последователна цензура. Никој не беше шокиран ниту од разочарувачката примитивност на технологијата на цензура, ниту од интервенцијата во уметничкиот интегритет на делото и неговата комунистичка „идеолошки исправна“ интерпретација.

Како е тоа можно? Што се случи за година и пол дена, па цензурата на филмските класици одеднаш стана општествено непожелна? Размислував за тоа и мислам дека открив за што се работи: ниту „Однесено со виорот“ беше цензуриран на кинеска стриминг платформа, ниту беше забранет како непожелен од комесари на кинеската Комунистичка партија, ниту го цензурираа кинеските хај-тек мајстори.

Како непожелен, холивудскиот класик, имено, пред година и пол, во екот на кампањата #BlackLivesMatter, исчезна од американската филмска платформа HBO Max, од каде го отстрани од самата компанија Time Warner! За потоа да биде вратен на HBO Max, но со „залепено“ едукативно видео на почетокот, во кое професорката Жаклин Стјуарт им го објаснува на другарите гледачи историскиот контекст и се’ останато „што треба да знаете гледајќи го ‘Однесено од ветрот’“.

Ех да, историскиот контекст. Чудесен е тој историски контекст.

Американските културни комисии, како што може да видите, од токму кинески комуниситички позиции цензурираат идеолошки неподобни филмови со реакционерни, капиталистички и антисоцијалистички пораки, а кинеските културни комисии, истовремено, токму од американски капиталистички позиции цензурираат политички несоодветни филмови со субверзивни, антиконсумеристички и антикапиталистички пораки.

На хоризонтот, сфативте, руменее пламената зора на новото човештво.

The end.



Слики: Fight Club и Gone With the WInd
Извор:
Dnevnik

ОкоБоли главаВицФото