1020 hPa
47 %
13 °C
Скопје - Пет, 13.03.2026 11:00

Општо е прифатено дека копнениот растителен свет еволуирал од алги, а еден од клучните причини за неговата успешна адаптација се корењето распространети под земја за да апсорбираат хранливи материи и вода. Милијарди години подоцна, влакнестите мрежи се од суштинско значење за животот на целата планета бидејќи обезбедуваат раст и здравје на поединечни примероци, помагаат да се спречи ерозијата и го заробуваат јаглеродот од воздухот.
Овој колаборативен проект на ботаничарите Ервин Лихтенегер и Лоре Кучера ја слави моќта и убавината на овие инаку скриени системи преку детални цртежи на земјоделски култури, грмушки, дрвја и плевел. Обемната архива е кулминација на 40-годишното истражување кое вклучува одгледување и внимателно извлекување на развиениот растителен свет од почвата за проучување.









Целата колекција може да ја погледнете овде.
Извор: This Is Colossal