„Кујна за критички и рецепти и нови вкусови“ - повик за учество во работилници

28.02.2022 14:58
„Кујна за критички и рецепти и нови вкусови“ - повик за учество во работилници

 

КСП Центар – Јадро организира серија работилници и предавања под името „Кујна за критички и рецепти и нови вкусови“ кои ќе се одржуваат од 16 до 21 март.

Преку едукативниот процес на стекнување нови вештини, знаења и пристапи, учесниците на работилницата ќе имаат прилика да создадат комплексни уметнички содржини кои ги отфрлаат класичните формати на продукција и промовираат социјална ангажираност.

По оваа работилница, во април ќе биде распишан јавен конкурс за поддршка на четири проекти чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година.

 

Работилницата ќе се одржи во рамки на проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ кој има за цел да промовира социјално ангажирани уметнички пракси и начините на кој истите се користат како моќни алатка за општествена промена. Улогата на уметноста при воведување на политичките и социјалните прашања во јавната сфера е сѐ поголема. Денес, уметничките практики се служат со широк спектар на средства, елементи и стратегии кои промовираат зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Функцијата на самата уметност во општествениот контекст е да понуди излез од зоната на удобност. Така, проектот „Места на дарежливост - трансформативни станици“ поттикнува уметничкото творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени.

„Работилницата е наменета за сите кои имаат желба да создаваат свои уметнички проекти кои ќе водат кон зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите. Работилницата е наменета е за креативци кои сакаат да творат во областа на животната средина, аниткорупцијата, човековите права, социјалната правда и други актуелни теми. Работилницата е наменета за сите кои сакаат да придонесат за проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво“, стои во повикот.

Предавачи на работилниците ќе бидат истакнати уметници кои што имаат долгогодишно искуство во социјално ангажираната уметност: Драган Протиќ и Јелена Вуксановиќ.

За учество потребно е да се пополни пријавата на следниот ЛИНК. Краен рок за пријавување е 10 март 2022 година.

Избраните учесници ќе бидат навремено информирани по завршување на рокот за пријавување. Присуство на работилницата ќе се смета за предност, при изборот на проектите чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година.

***
 

Кратки биографии на предавачите:

Драган Протиќ

Прота, Шкарт/2
… си бил еднаш… нашиот прв предавач, кој заедно со својот школски другар Жоле ја основале групата Шкарт во 1990г. во Белград. Од тогаш до ден-денес, двајцата работат сè освен она што “треба”. Тие веќе триесет години, во конфликтна хармонија и со помош на нивните бројни соработници и соработнички, ги кршат правилата на поезијата, архитектурата, графичкиот дизајн, издаваштвото, перформансот, музиката, филмот, алтернативното образование и сенешто.
Своите предавања, работилници, ангажирани акции и концерти, Шкарт ги остварува ширум Европа, Америка и Азија. Реалирале неколку ретроспективни изложби во Риека / Хрватска (2009), Лондон / Англија (2010), Белград / Србија (2012) и Нагоја / Јапонија (2013). Во 2010 година, Шкарт ја претставил акцијата КЛАЦКАЛИШТЕ - Полигон на Неурамнотеженост, на Архитектонското биенале во Венеција.

Јелена Вуксановиќ

…. писателка и сценаристка. Со класично образование по драматургија, во фокусот на нејзиниот интерес секогаш бил современиот и експерименталниот театар. Јелена има учествувано на разни обуки, работилници и други активности во сферата на неформалното образование, поврзани со современи и применети едукативни театарски техники. Филмот „Панама“ во кој таа е автор на сценариото својата премиера ја имал на филмскиот фестивал во Кан. Во 2018 година, на Бали, ја реализира премиериерно нејзината прва современа опера „Во... Се... - се раздени -“, компонирана од Ендис Скордис. Тука некаде може да се маркира зародишот на фасцинацијата на Јелена со овој експериментален и креативен жанр. Во моментов таа работи на својата втора современа опера „Светлосин ден“, базирана на приказната на Фердинанд фон Ширах, како дел од Берлинската опера, која премиерно ќе биде изведена во јуни 2022 година. Повеќе за работата на Јелена можете да најдете на- www.andromedavuksanovic.com

 

 

ОкоБоли главаВицФото