Враќање кон детството

03.03.2022 12:46
Враќање кон детството


„Можеме да дознаеме од весниците дека црнците од племето Кру ја нарекуваат опашката на светата крава: ДАДА. Коцката и мајката во една покраина на Италија: ДАДА. Дрвено коњче, дадилка, двојна афирмација на руски и на романски: ДАДА. Учените новинари гледаат во тој збор уметност за бебиња, другите, пак, Исусовото донесетемигималечките – дечињакајмене на еден нов начин, приспособен на новите времиња...“

(Тристан Цара: „Манифест на Дада 1918“)



„Вакви стихови го ставаат читателот во една неминовна дисјункција: или треба, знаејќи ги дејствителните семантички значења на зборовите: тајна, очи, грабна, вечер, пајак, светилка, полжав, воз итн. да ги разбере овие стихови како испуштени од јазикот на едно три-четиригодишно дете, кое не ја познава содржината и кое сѐ уште ја нема оформено претставата што значат одредени зборови или да се надева дека, при употребата на овие конвенционални термини, поетот внесува сосема диспаратна претстава во нив, отколку што ја има нормалниот човек.“

(Георги Старделов по повод стиховите на В. У. во текстот „Едно предупредување на естетиката ad hoc“, објавен во „Млада литература“, бр. 8 од октомври 1955)



„Секој израз, секоја фраза, одделен збор или извик што ги испуштил човекот обземен одеднаш од помисла што не е во согласност со она за што дотогаш зборувал, може да стане, за оној што го слуша, пророчки знак што Грците го нарекувале ’кледон‘. Тоа е едно непредвидено доближување, едно случајно согласје што може да содржи неочекувано предупредување. Тоа е еден вид претскажување, толку поверодостојно колку што личноста што зборува е помалку способна за однапред пресметана дејност, да речеме ако доаѓа од устата на некое дете.“

(Антоан Буше-Леклерк: Историја на пророкувањата во антиката, 1872)



Колажи: Kurt Schwitters
Извор за текстот: Viola arsenica, Белешки за поезијата; Готен, 2021.
Дрвено коњче, дадилка, двојна афирмација на руски и на романски: ДАДА.