Магарињата

09.03.2022 15:55
Магарињата

 

Bo нашето детство во Прилеп магарињата беа првите ранобудници. Лете, кога е тутунарската работа во полн ек, тие ce огласуваат со рикање уште во петлена доба. Тоа беше знак за тутунарите да стануваат за на нива. Магарињата ја минуваа некако по свое ноќта во дворчињата, врзани обично за скеле за сушење тутун. Уште е темница, a тие ce јавуваат со рикање по некаков ред, од маало до маало и така по целиот град од тутунарските куќи.

He знам дали по некаков молчалив договор било меѓу нив установено, кога на кое му ce паѓа да ја огласи прво зората. Домаќинот, наметнат со што било, штрака веќе со наланите по дворната калдрма и оди до бунарот да ce плисне трипати, по рисјански обичај, со студена вода (во имја отца и сина, и свјатаго духа!). Свежо е надвор. Намовнуваат рамениците. Ѕвездите само негде-годе изгаснале. Уште светат Ралците. Уште квачката ги води своите пилиња во небесната авлија. Дури да ce спремат луѓето, веќе зазорува. Чкрипат портите со рѓосаните шарки и сокаците оживуваат од чекори, меѓу кои лесно ce разликува како газат по калдрмата магарињата со своите потковани копита. Тогаш ќе заѕунат во ситен вез и безброј птичји гласови, за да го поздрават изгрејсонцето. Тутунарите ce поздравуваат едни со други, ce здружуваат и во групички, ако така ги води патот. И магарињата патем ќе ce здушат меѓу себе. Почнува нов работен ден.

Магарињата беа во тоа време кај нас вистински сезонски работници. Ги купуваа на пролет на Ат-пазар. Првата поважна работа им ce паѓаше негде во мај, во садење тутун. Тогаш тие носеа вода во тенекиени буриња, пригодени за таа цел, прицврстени добро со јаже од обете страни на самарот. Водата се црпеше обично од вирчиња по инаку веќе пресушените песочни корита на рекчињата или долиштата. Скудно беше за вода, a со неа требаше да ce наполни секое исколчено дупче, во кое страк по страк ce сади тутунот. Меѓу две враќања за вода, магарињата пасеа слободно по меѓите на нивјето. Но главната нивна работа почнуваше во летните месеци, со берењето на тутунот, за да заврши негде во октомври, кога ce собира врвот и ce корнат тутунешките. Тоа е крај на сезоната. Тутунот ce носеше во добро нагнетени кошови, плетени од врбови прачки.

Во меѓувремето ce создаваше голема близост меѓу нас децата, и нашите магариња. Нас нè тераа да ги пасеме во топлите летни попладниња по ледините под Маркукуле или Зеленик. Дури магарињата пасеа, ние си го исполнувавме времето со игри или други забави. Игравме обично прескакулица и една игра со нож што ја викавме „ам-бам-брц“. Седнати на земи еден спроти друг ce натпреварувавме кој повеќе пати ќе го закачи чакичето со различни движења на прстите во меката земја меѓу нас. Koгa ни здодеваше играта фаќавме гуштерици или бумбарчиња. Уште повеќе ce внесувавме во барање различни тревки. Киселицата ја беревме да ја јадеме, како и малецките тркалезни лепчиња од слезот.

Имаше една трева, како пиреј, што ја викавме „тапан“: ќе ги оптегневме добро нејзините долги и цврсти ластунки, како струни удиравме во нив со прсти и ce добиваше звук што потсетуваше на чукање на тапан. Имаше една друга тревка со осје што ce вртеа некое време во нашите раце како стрелки од саат. Кога случајно ќе ce боцневме или ќе ce драсневме го потуравме местото со прашец од сува папајца (папавица). Оттогаш сум свикнат зборот „папајца“ да го употребувам преносно за луѓе што инаку многу грдо би ги нарекле „пувловци“. Магарињата пасеа спокојно по чаирот и не ни пречеа во тие наши забави. Незгодна ситуација ќе настанеше само кога ќе ce запашкаа некое магаре и магарица. Приквечер ce враќавме дома јавнати на магарињата така на голо. Одвреме навреме ќе ги спотневме по слабините со своите боси петици да побрзаат, па и да потрчаат. Co победни викови го придружувавме нашиот пробив в град.

Особена радост за нас децата настануваше, кога ќе ce случеше некоја година да ни ce опрли нашата магарица. Нема помиловидно младенче од прле. Ce сеќавам ќе го гушнам прленцето, ќе го стиснам во долг преграб образ до образ, така што откосо да ме гледа со неговите големи, црни, кадифести очи и чувствував од тој допир неизмерна милина. He случајно и на мали деца им викаме на галено „прле едно?“ a не „ждребе едно!“

Таква беше љубовта на децата спрема магарињата. A каков однос имаа големите спрема нив? Бидејќи и големите еднаш биле мали, не ми ce верува дека и во нив можело сосем да ce загуби тоа чувство на близост. Но постапките на возрасните подлежат на промени зависно од некои околности во кои ги поставува животот, со кое оди заедно и усвојување на некои наследени погледи и дури предрасуди, добродојдени да ce прифатат и изживеат полесно спомнатите околности. За тоа ќе треба да кажеме нешто повеќе.

Односот на возрасните спрема магарињата беше и за жал, ce чини дека не можеше да не биде, маќеински. Тоа ce покажуваше со сета суровост во секој октомври, на крајот на сезоната. Магарињата не ce веќе потребни, за нив зиме нема работа. Каде сега со нив? Домаќинот нема ниту каде да го држи магарето зиме, ниту му ce исплаќа, a често и нема со што да му ја обезбеди потребната храна. Да ce продаде магарето наесен беше невозможна работа.

Во нашата куќа излезот ce бараше во тоа што имавме врски со селата. Ќе му го дадевме магарето на некој дрвар да го користи преку зимата со тоа што ќе го храни и ќе ни го врати напролет пред почетокот на тутунарската работа. Ho колку горчливи ce моите сеќавања за тие враќања на нашите магариња напролет. Ce случи истото барем два три пати при мое знаење. Ќе ни го доведеа еден ден сиротото добиче сосем папсано и изнемоштено – од него останале само кожа и коски, нозете одвај го крепат. Дрварот што го довел гледа што поскоро да се истави, не останува ни да ce напие чашка ракија, самиот сфаќа дека не заслужува. Од тој призор и трајно ми е останата горчливата мисла дека сиромашкиот човек притеснет од животот, може да биде безмилосен експлоататор. Кутрото живинче го препознаваше своето старо место и самото, дури како обнадежно одеше кон скалето да ce спружи. Но нозете не го држеа, како да му беа здробени, и тоа немошно, тресејќи се сето, ce спушташе на земи. Ништо не можеше да го поврати и по некој ден го наоѓавме пцовисано. Тогаш го викаа крупниот ѓупак Алчо да ја одвлече негде мршата. Toj тоа го правеше само за кожата што ќе ја одереше.

A ова што ќе го раскажам ceгa не сум го доживеал јас лично, ами го дознав од некои од своите врсници. Домаќинот што не успевал да најде кому да му го даде магарето на зимовиште, a тоа беа обично најотепаните, ќе го одведел далеку по пат што не го минало, дури зад Маркукуле во Заградско. Ќе си го приберел огламникот под мишка, a магарето го оставал да го изедат волците. Сигурно не било весело враќањето на таков човечец дома. Понекогаш ќе ce случело магарето сепак да го погоди патот за назад. Ако била портата веќе затворена, ќе останело цела ноќ да климши надвор. Кога утрото децата ќе го виделе своето магаре, настанувала голема радост, гушкање и милување. Но намуртениот стопан веќе смислува како и кога да го одведе, ако треба уште подалеку, само да не ce врати.

Дека вака не се случувало со магарињата само во Прилеп, ами и во други тутунарски места, разбрав од тоа што ми го раскажа мојот пријател Перо Филипов од Радовиш. Кога имал седум-осум години се погодило да не можат да најдат човек што ќе го прибере кај себе таа зима нивното магаре. Едно попладне малиот Перо забележал дека магарето го снемало и полн со лошо претчувство тргнал да го бара. Денот бил студен, врнел ситен и боцкав есенски дожд. Го нашол магарето оставено само на ридот, толку измрзнато од дождот и ветрот што целото ce тресело. Перо го гушнал магарето и од жал гласно заплакал. Го довел дома, го истимарил и го наметнал со покровче да ce стопли. По таа случка татко му немал како, ами му платил дури нешто на некој Јурук да го прибере магарето. По сето ова станува појасно како се сетиле луѓето да ја сочинат пословицата: „Не умри магаре до зелена трева!“

A мене дури сега ми светна дека не случајно, ами поради маќеинскиот однос што го спомнав, на магарињата обично не им клававме име. Јас самиот паметам од детството дека имавме коњ Алче, пес Шаро, па дури и мачор Султан. A не останало во моето сеќавање ниедно име од толку магариња што го носеле лете нашиот тутун и што самиот сум ги пасел. He, не може да биде случајно тоа. На магарето не требаше да му ce признае идентитетот, за да може со полесно срце да им ce предаде наесен на безмилосните дрвари или дури на волците. Од бројните генерации на прилепските магариња останат е споменот само за Магдеското магаре. Но и тоа единствено славно магаре не било тутунарско, ами бавчанџиско. Ce одликувало со голема брзина во трчањето и со големата сила. Така останало да се вели за некого дека ce натоварил како Магдеското магаре. Од ова забележуваме дека можело да има и некои разлики во статусот на магарињата, зависно од тоа каква работа вршел нивниот стопан. Најниско на скалата стоеле несомнено тутунарските магариња, a највисоко питачките. Затоа е и останата поговорката: „Дебел во вратот како питачко магаре“.

Но штом веќе ги споменавме пословиците и поговорките, треба да потсетиме дека магарето е често споменувано во нив. Работата е во ред дури ce даваат општи називи како „магарешки трн“ или „магарешка слива“. На иста основа ce употребуваат и називите „коњска мува“ или „коњски боси лек“. Тука не може да станува збор за дискриминација. Но доволно е да го споменеме изразот „магарешки инает“, па да сетиме дека луѓето фатиле да ce бараат и да ce наоѓаат себеси во магарето. Спрема квалификативот „магарштилак“, нема, ce разбира, да најдеме изведенка од „коњ“.

Малку им бил на тој збор, ами создале една чисто оказионална форма само за да ce постигне рима во пословицата: „На старос – магарос“. За жал, некои го испуштаат предлогот на во овој израз. Недображелателноста спрема магарето во простиот народ ce потсилувала и со оваа измислица: кога го јавале, коњот викал „држ ce, не бој ce!“, a магарето „лопата, мотика!“, што кобело гроб. Да те фрли магаре било многу полошо, отколку да те фрли коњ. За магарето можат по досега познатите збирки да ce избројат приближно исто толку пословици колку за коњот – педесетина. Но со тоа само нумерички му се обрнува на магарето внимание. Доста е да ce сетиме за често употребуваната пословица „Од коњ на магаре“, па да видиме за каков однос ce работи. He откажуваме дека меѓу сите тие пословици има и такви што нè привлекуваат по својата духовитост, како оваа (турска), во која насетуваме смисла за длабока општествено-политичка анализа: „Магаре ги води камилите“. Јас самиот сум имал еднаш можност да видам таква глетка. Се возевме по автострадата, цела писта, што од Смирна води на север кон Мраморно Mope. По ендекот од десната страна забележавме како ce движи карван камили. Напред одеше магаре, диктирајќи го темпото на тој поход. Но сето ова што патем го споменувам не треба да нè отклони од нашата основна мисла дека и во пословиците и поговорките ce содржат ред забелешки и судови за магарето што можат уште како да ѝ го олеснат напорот на човечката совест, кога треба наесен, по работната сезона, да ce примени сурова постапка спрема тутунарските магариња. Ce разбира, мене ни на ум не ми паѓа да ги обвинувам тутунарите за оваа словесна надградба што помагала како со затворени очи да ce помине преку магарешките маки.

Подбивниот однос спрема магарињата бил изграден прво во богати средини што располагале, меѓу другото, и со бесна коњица. Таму почнале да си прават шега со магарето. Перо Филипов ми расправаше дека во Радовиш од Турско останал обичајот, на Ѓурѓовден да ce одржуваат пеливанските борби, коњски, но и магарешки трки за да биде повесело и посмешно. Магарињата ги јавале на голо, без самар. Неколку дена пред трката ги подлагале на посебен третман, наречен „икман“; им давале обилно зоб и, што било особено важно, не им дозволувале достап до магариците. Магарешките трки во Радовиш се останати до наши дни, со една мала но смислена измена – тие ce пренесени од Ѓурѓовден на 2. мај.

Доста е да ce сетиме на славниот роман на Сервантес, па да видиме каква улога му ce дава на магарето во литературните пародии. Дон Кихот јава на коњ, макар и дооден, a неговиот оруженосец, за да ce засили комичниот ефект, на магаре.

И во наше време не останале сосем непродуктивни мотивите сврзани со магарето. Ја споменавме веќе иновацијата со денот на магарешките трки во Радовиш. Kora Владо Малески го состави својот многу популарен скеч за човекот со пет имиња, што толку често ce прикажуваше на импровизираните партизански сцени, како молеше да го крсти својот главен јунак, ако не – Ѓоре Магарески? Потоа го варираше тоа име на другите балкански јазици.

Многу интересен случај на пренесување на еден стар обичај е забележан во Крива Паланка на прославата на 1. мај непосредно пo војната. Тогашниот околиски јавен обвинител во тоа место ce вклучил во првомајската парада јавнат наопаку на магаре. Бидејќи човекот ми е близок, знам сигурно дека замислата му била да ја исмее бирократијата што веќе почнала да ’рти. Cè ce завршило со тоа што го смениле веднаш од должноста, a бирократијата, како што знаеме, продолжила слободно да си расте и да заврзува плодови. Јавањето на магаре наопаку било некогаш срамотна казна. Ако ја фателе некоја мома да краде лубеници, ќе ја накителе со ластунки и ќе ја воделе низ село качена наопаку на магаpe. Марко Цепенков видел дека така во Прилеп еден јаланџи-шаитин (лажен сведок). Турчињата џвакале изварка и го плукале. Кога го пуштиле од апсана, за човекот немало место во градот, и тој побегнал во Србија.

Но нашето време остави сосем мал простор за ваквите преосмислувања на фолклорот и обичаите. Наглата индустријализација ги погоди тешко и магарињата. Бидејќи бензинот уште не беше скап, тутунарите ce досетија да ги заменуваат магарињата со моторчиња. Сега тутунот го клаваа во вреќи што ги прицврстуваа одзади за багажникот. Пренесувањето стануваше многу побрзо, отпаѓаа сите други грижи околу магарето, вклучувајќи ја и онаа што да се прави со него наесен. Загадувањето на природата ce јави како непредвиден лош фактор. Така ce чу дека меѓу велешките магариња настанал помор по причина на тревата затруена од топилницата. Загубата е толку почувствителна што ce знае дека Марко Цепенков го употребува изразот „цело велешко магаре“, a го објаснува со „дивјак!“. Ce разбира, ова ce однесува пак на човек. За добичињата настапија тешки времиња.

Додаток

Овој текст беше веќе пречукан на чисто, кога видов дека сум испуштил некои работи што имав намера да ги споменам. Покрај тоа, во меѓувремето прибрав уште некои интересни податоци. За да не ја нарушам целоста на текстот пишуван со еден замав на сеќавањето, ce решив сето тоа да не го вклучувам непосредно во него, ами да го соопштам кратко во овој додаток. Читателот сам лесно ќе погоди со кои места во основниот текст ce сврзуваат овие дополнувања.

Еве прво уште еден мал пример за пародирање на обичаите. На свадбите во моето детство во Небрегово, кога земаа невеста од друго село, ce наттрчуваа со коњи кој прв ќе донесе глас во куќата на зетот дека идат сватовите. На победникот му припаѓаше муждето. Но паметам дека еднаш како такви муштулукчии ce јавија деца, качени на магариња, со шарени веленца префрлени преку самарот. Настана голема смеа. Децата чекале на некое извишено место надвор од селото и кога виделе правови откај Дреновци, ги спотнале магарињата. Ce разбира, никој не можел да ги пристигне. Дури после стасаа тркачите на зазбивтаните коњи.

Влада Урошевиќ ме потсети на различниот однос спрема магарињата во сликарството. Гоја ги карикира, додека Шагал ги прави миловидни. Шагал не заборавал дека на јаслите во Витлеемската пештера имало врзано и магаре и дека и самиот Исус Христос влегол тржествено во Ерусалим, јавнат на магаре.

Јас кажував дека на крајот на сезоната ги оставале магарињата дури зад Маркукуле во Заградско. Нo на луѓето на Ридот и во околните маала многу позгодно им било да ги одведат негде под Селечка. Понекогаш децата успевале да ги најдат таму своите магариња оставени на милост и немилост, па да ce враќаат да ги гледаат уште некој ден, дури не им се загуби трагата. Тие не ce осмелувале, од страв од родителите, да ги доведат дома.

Двајца мои пријатели, не којзнае колку помлади од мене, ми тврдат дека како деца го знаеле и го гледале Магдеското магаре. По тоа можеме доста точно да определиме, кога живеело тоа. Тие го опишуваат како поголемо од обичните магариња, одело многу брзо, и тоа раван, секогаш со начулени уши, и како ништо носело два претоварени коша, враќајќи ce од бавча.

Една интересна случка станала веќе во најново време на автопатот Гевгелија-Скопје. Еден од грчките конзули во нашиот град изгазил со својата кола магape. Koгa сакал да плати отштета, немало никој да се јави како сопственик на магарето. Очевидно човекот ce плашел од глоба за тоа што дозволил магарето да излезе на автопатот. Мојот пријател што ми го кажуваше ова, инаку тогаш задолжен за контакти со конзуларното тело во Скопје, тогаш дознал дека, за разлика од коњите, магарињата не добиваат пасош (порано во народот таа исправа се викаше – тескере). Еве и званична потврда за тоа дека на магарињата не им се признава идентитетот.

Кога во ноември 1962 година ce случи големата поплава во Cкопje, еден крушевски шерет му замерил на еден функционер во скопскатa општина за тоа што неподготвени ја пpeчeкaлe стихијата. „Требаше“, рекол, „да удрите две илјади колчиња покрај Вардар и на нив да имавте секогаш врзани две илјади магариња, да ги пуштите да ја испијат водата, кога ќе надојде.“ Co оглед на поморот на магарињата што го причини брзата индустријализација, овој план денеска не би можел никако да ce реализира. Така тој останува само како уште една потврда за тоа дека продуктивноста на мотивите за магарињата не е сосем загубена и во наше време.

Слики: Марк Шагал

 

Слични содржини

Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Уметност / Теорија / Музика / Историја
Екологија / Култура / Теорија / Историја
Култура / Уметност / Теорија / Историја
Уметност / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото