1017 hPa
49 %
21 °C
Скопје - Вто, 17.09.2024 11:59
Груевски Никола
одлично користел бола.*
„Бола ми е ствар најбоља,
за бола можам да отворам школа“,
се фалел влегувајќи во ролја.
Еднаш во Битола од футрола
ја извадил болата ‒ и удри!
Лево, десно, озгора, оздола
‒ демолирал! Не прашувал за дозвола!
Од сè што видел пред себе искршил бар пола!
Дошла патрола, не воспоставила контрола.
Викнале дипломат, Попоски Никола:
„Шефе, смири се, многу правиш белја“.
Џабе. И понатаму со бола мавтал Груевски Никола.
Го викнале и Тодоров Никола:
„Баш си дијабола со таа бола“.
На крај дошол и Димитров Никола:
„Вака ако продужиш еден ден ќе упаднеш во неволја“.
*Бола (шп. bolas: кугли), оружје вообичаено кај Индијанците, пастирите (гаучоси) и прериски ловци во Јужна Америка. Оружјето се состои од три зракасто поврзани јажиња кои на краевите имаат камени или оловни кугли, понекогаш завиткани во кожа. Фрлачот, држејќи една кугла в рака, мавта со другите над глава и со болата ја гаѓа жртвата. Ако станува збор за лов, со болата се гаѓаат нозете на жртвата. Кога болата е борбено оружје се гаѓа главата на противникот.