„Арс Ламина“ го реобјавува творештвото за возрасни од Оливера Николова

11.03.2022 13:42
„Арс Ламина“ го реобјавува творештвото за возрасни од Оливера Николова

 

Издавачката куќа „Арс Ламина“ го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Оливера Николова, една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки.

Овие реизданија издавачот ги најави во чест на 86-иот роденден на авторката, 11 март.

Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се со нов дизајн и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска.

Станува збор за 12 наслови, во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке...“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).

Наскоро ќе биде организирана промоција на изданијата.

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото