Еве зошто Путин не може да се повлече

11.03.2022 15:18
Еве зошто Путин не може да се повлече

 

Карл фон Клаузевиц славно тврдеше дека војната е продолжување на политиката со други средства. Руската инвазија на Украина е продолжување на идентитетската политика со други средства.

Не знам за вас, но открив дека пишувањата на конвенционалните експерти за меѓународни односи не се многу корисни за да се разбере околу што е целата оваа криза. Но, пишувањата на експерти за социјална психологија ми беа многу корисни.

Тоа е затоа што Владимир Путин не е конвенционален моќен политичар. Тој во основа е идентитетски претприемач. Неговото единствено достигнување беше да им помогне на Русите да се опорават од психичката траума - последиците од Советскиот Сојуз - и да им даде колективен идентитет за да можат да почувствуваат дека се важни, дека нивниот живот има достоинство.

Војната во Украина не е првенствено за освојување земја; таа е првенствено за статус. Путин изврши инвазија за Русите повторно да почувствуваат дека се голема нација и за самиот Путин да почувствува дека е светска историска личност на линија на Петар Велики. Можеби оваа инвазија треба да ја гледаме како екстремна форма на идентитетска политика. Путин со години ја поттикнуваше руската огорченост кон Западот. Тој лажно тврдеше дека оние кои говорат руски се под широко распространет напад во Украина. Ги користише воените алатки во обид да ги натера Русите да се гордеат со својот групен идентитет.

Советскиот Сојуз беше збркана тиранија, но како што пишува Гулназ Шарафутдинова во нејзината книга „Црвеното огледало“, советската историја и реторика им дадоа на Русите чувство дека „живеат во земја која на многу начини беше единствена и супериорна во однос на остатокот од светот." Луѓето можеле да извлечат чувство на лично значење со тоа што биле дел од овој поголем советски проект.

Крајот на Советскиот Сојуз можеше да се гледа како ослободување, шанса да се изгради нова и поголема Русија. Но, Путин избра да го гледа како катастрофална загуба која создава чувство на беспомошност и уништен идентитет. Кои сме ние сега? Дали сме се’ уште важни?

Како и идентитетските политичари насекаде, Путин оваа криза на идентитетот ја претвори во приказна за понижувањето. Тој ги покри сите почетни чувства на срам и инфериорност со изјавата: Ние сме невините жртви. Тие - Америка, Западњаците, фраерите во Давос - ни го направија ова. Како и други идентитетски политичари ширум светот, тој промовираше статусна огорченост за да ги смири раните од траумата, стравовите од инфериорност. Во првите години од неговото владеење, тој одново го изгради рускиот идентитет. Врати делови од советското наследство како нешто со што треба да се гордееме. Главно, неговата визија за рускиот идентитет се вртеше околу него. Парадирајќи како моќна фигура на светската сцена, Путин можеше да направи Русите да се гордеат и да се чувствуваат како дел од нешто големо. Вјачеслав Володин, тогаш заменик-началникот на кабинетот на Кремљ, го долови менталитетот на режимот во 2014 година: „Денес нема Русија ако го нема Путин.“ Оваа голема стратегија се чинеше дека беше целосно оправдана таа година со успешната инвазија на Крим. Враќајќи ја оваа земја, Русија можеше повторно да се наметне како голема сила. Се’ повеќе и повеќе, Путин се прикажуваше себеси не само како национален лидер, туку и како цивилизациски лидер, предводејќи ги силите на традиционалниот морал против моралната изопаченост на Западот.

Но, сега сето тоа е излезено од контрола. Идентитетските политиките на Путин се толку вирулентни затоа што се толку нарцисоидни. Исто како што поединечните нарцисисти се чини дека се надуени егоисти, но, навистина, се несигурни души кои се обидуваат да ја прикријат својата кревкост, нарцисоидните нации и групи кои парадираат со својата моќ честопати се всушност прогонувани од страв од сопствената слабост. Нарцисистите копнеат по признавање, но никогаш не можат да се заситат. Нарцисистите копнеат по психичка сигурност, но дејствуваат на автодеструктивни начини што обезбедуваат дека често се под напад.

Идентитетот на Путин и рускиот идентитет во моментов се неразделни. Прашањето од милијарда рубљи е: Како реагира човек кој го поминал својот живот борејќи се против чувствата на срам и понижување додека големи делови од светот со право го срамат и понижуваат? Како реагира човек кој го поминал својот живот обидувајќи се да изгледа моќно и далекусежно, додека се’ повеќе изгледа слаб и кратковид?

Претпоставувам дека, барем за одредено време, Путин може да се врати во познатиот руски наратив за „опсадената тврдина“: Западот секогаш сака да нè заземе. Секогаш победуваме на крајот.

Имаше навестувања дека Путин можеби би бил подготвен да склучи договор со некој вид компромис и да се повлече од Украина, но тоа би било шок. Тоа би го уништило надуениот и кревок личен и национален идентитет што тој го градеше сите овие години. Луѓето имаат тенденција да не прават компромиси кога нивниот идентитет е во прашање.

Мојот страв е дека Путин знае само еден начин да се справи со понижувањето, а тоа е да ги обвинува другите и да збеснува. Пред неколку години, мојот колега Томас Л. Фридман напиша прониклива колумна за политиката на понижување во која го цитираше Нелсон Мандела: „Нема поопасен човек од понижениот“.

Путин си го нанесе ова понижување себеси и на својата земја. Зборувајќи како некој кој длабоко се восхитува на толку многу во руската култура, мислам дека е огромно злосторство што народ со толку многу патишта кон достоинството и величина го избра патот што толку злобно води кон деградација.
NYTIMES, 10.03.22.

ОкоБоли главаВицФото