Неутралниот сеирџија

14.01.2011 13:23
Неутралниот сеирџија

Неутралниот сеирџија е опортунист. Чаршиски човек и кукавица. „Те поздравувам, Чаршијо, на сите четири страни!“ е неговата утринска молитва. Каде дува ветрот, тој натаму е свртен. Сака да се прави глуп или наудрен. Сака да јава, но за да јава - дозволува и да го јаваат. Помеѓу патриотизмот и национализмот тој го избира - патридиотизмот. Ја избира особината што е својствена, според Басара, за оној тип луѓе кои поради своите лични интереси ги опчекоруваат и лудите и збунетите, и паметните и глупите, и патриотите и предавниците... „Србија е една од ретките држави каде што патриотизмот, национализмот и патридиотизмот се сметаат за еквивалентни. На јавачите тоа им е сосема сеедно!“, вели Светислав Басара. Но, иако патридиотот можеби е глуп („глупоста е лузна – мала стврдната зона на нечувствителноста“), тој ја избира глупоста оти таа владее!

Кај нас неутралниот сеирџија ја зазема и позата на „помирител“. Помеѓу „левите“ и „десните“ радикали - стои тој, помирителот, патридиотот. Новогодишните и божиќните празници деновиве на цел куп „неутрални сеирџии“ (главно медиумски уредници и други добро позиционирани патридиоти) им овозможија уште еднаш да нагласат дека СДСМ и ДПМНЕ се истиот ужас (иако едниот е бескраен, а другиот налик на брзогоречки фитил), но дека кај и да е - и покрај, значи, ужасот без крај и ужасот на брзиот крај - потребно е ние Македонците да се обединиме и да престанеме да се делиме.

Сеирџијата, значи, се обидува да се востоличи меѓу двата фронтовски јасно оцртани табори: „соросоидите“ против Владата од Илинденска ББ (вака работите ги гледа новинарот Роберт Поповски, една од најголемите ѕвезди на патридиотизмот). Но, и над попот има поп. Кога „неутралниот сеирџија“ би требале да го отелотвориме во институција, иако конкуренцијата е голема (Керимовото МПМ, МАНУ, универзитетите итн.), МПЦ е првиот избор. Оти токму МПЦ е столб на македонството на дебелите стомаци и на тенките умови, на родољубивото среброљубие.

Иако, велам, често се случува „неутралниот сеирџија“ утре-задутре да добие контури на помирител, на обвинител, па и на џелат, зависно од утрешните конјуктури (како што во „Малиот принц“ Змискиот цар ги презема контурите на жртвата што ја голтнал). Најважна е, сепак, за сеирџијата, неговата денешна ужлебеност. Што и да се случува, мене газот да ми е во жлебот - си вели опортунистот: груевистите сè уште се доволно моќни, а „соросоидите“ се безнадежен „ненароден елемент“ (запнале по Европа ко пијан по бандера).

Само на едно просто прашање сеирџиите-опортунисти немаат одговор: околу што, браќа и сестри, да се обединиме?! Околу племето ни?! Таква националистичка (племенска) програма не е достојна ни за 19 век, а камоли за втората деценија на 21 век. Не само што не е достојна, туку не врши работа. Не само што не врши работа - племенската програма е контрапродуктивна. Дури и ултра-националистот Вук Драшковиќ денес се кае заради својата глупост од деведесеттите, кога велеше: прво нацијата, после демократијата. Дури и Вук Драшковиќ во меѓувреме сфати дека зад „нацијата“ многу често се кријат фашизмот и мафијата, идилично сплотени. Драшковиќ денес вели: Влегувањето на Србија во ЕУ не е влез во рајот, но сосема сигурно е излез од пеколот.

Жилиен Бенда (познат по своите полемики против „предавството на интелектуалците“), своите согледби од раните триесетти години ги прошири со повикот Европјаните да почнат да ја развиваат одбојноста кон страста спрема себеси. Без новиот рационален човек нема да има интегрирана Европа. Наместо еднозначниот идентитет на нацијата или културата на народите кои ја сочинуваат Европа сè попотребен ќе им биде „рефлексивниот идентитет“, втемелен во рационалноста.

За разлика од новите европски политички императиви кај нас етничкото потекло и надуеното „прашање на идентитетот“ сè уште се почетокот и крајот на сите политики. Ако се занемарат пропагандните балони (сите издишани, за само четири години), единствената реална политичка програма на груевизмот е етничкиот идентитет. А како што рече филозофот Милан Кангрга, националноста или националната припадност не може да биде политичка програма или политичка основа на општествениот живот, освен во нацизмот и фашизмот, каде што на дело е ѕвералник, а не политика!

Значи, според мене, неможно е да се обединиме околу „историското НЕ“ спрема „душманот“ Грција. Не можам да замислам поголема политичка глупост, иако радикализмот на груевизмот многу често го наведувал бродот кон тие самоубиствени предели. (И заради тоа „неутралниот сеирџија“ го нарекувам „патридиот“: груевизмот сосема ја асимилира екстремно десната страна на политичкиот спектар; пастирот не трпи десно од него да има подесно, и тоа впрочем и го кажувал; пастирот, всушност, сака да го еманира, низ себе, како проточен бог /или бојлер/ целокупниот политички спектар во РМ; пастирот е подобра левица од СДСМ, но пастирот е и најрадикалната националистичка десница, секогаш кога има потреба за тоа. Во тој поглед, и Груевски - освен на Змискиот цар од „Малиот принц“ - наликува на богот /на проточниот бојлер/ на целокупниот патридиотизам.)

Околу што, реторички повторувам, треба да се обединат граѓаните на Македонија (не само Македонците) во веќе втората деценија на новиот век? Немам големи политички дилеми: треба да се обединиме околу демократијата (функционалната, праведна и фер држава која почива врз достоинството на поединецот) и околу обновените регионални поврзувања како предуслов за нашето европско вмрежување. Тоа е страната на „соросоидите“, на „европските курви“, на „платениците и предавниците“. На другата страна е груевизмот, т.е. античко-неокласицистичка Македонија во која Фамилијата владее со непрекинато агресивно перење на мозоците, со постојано произведување непријатели и предавници и со буџетски „пакет донации“ за послушните.

На крајот, сакам да објавам: знам дека „неутралните сеирџии“, како што владеат денес, ќе владеат и утре, откако ќе падне груевизмот (а ќе падне, како што паднале сите бедни диктатури на малограѓанштината, манипулацијата и лагата). Знам дека Керимовците, поповите, „интелектуалците“, бизнисмените итн. ќе поитаат на ново брзо бацување рака (рака ќе бацуваат дури и латасоидите!, како што бацувале многу пати претходно, та не сме од вчера). Така било откако се светот и векот. И не се гневам поради тоа. Зашто сопственото место ќе си го знам и утре. Само што, ете, чувствував, во еден ваков речиси интеррегнум, кога и од сателит се гледа дека на груевизмот му се избројани деновите, дека треба да се напише една колумна за „неутралниот сеирџија“, тој вечен победник на сите битки, таа, просто, историска константа.

скратена верзија на текстов беше објавена во „Глобус“, 11.01.11.

слики: Jorge Santos

Коља, буквално со секој напис

Коља, буквално со секој напис успеваш да ме натераш да го засакам спротивното од она што за што ти се залагаш.

Немој жити се` само да почнеш да поеш за благодатите на хетеросексуалноста.

Ич немај гајле, безбеден си.

Ич немај гајле, безбеден си. :)

Неутралните се строго против

Неутралните се строго против Бранко и неговата багра од СДСМ, додека немаат ништо против Грујо и фамилијата. Тие што беа омразени во ВМРО сега се надвор од партијата, додека омразените во СДСМ се сеуште во врвот на партијата, и токму затоа владее оваа летаргичност кај неутралните гласачи, нешто што СОРОСОИДИОТОТ како тебе нема шанси да го свати!
Трета опција, да не се лажеме, нема ни во големите демократии како САД, така да, во Македонија ќе си остане ова “натиго-дајмиго“ релација помеѓу СДСМ-ВМРО.

Кои на пример омразени во

Кои на пример омразени во ДПМНЕ се надвор од партијата, да не збориш за Љубчо, политичкиот ментор на Грујо, или Доста можеби која е на државна функција во „нејната мила Б’лгарија“. А освен тоа, откако им се придодадоа Латрас, Миленко, Павле Трајанов, Ѕинго, Лиле зелената, Амди, тоа стварно е една збирштина која освен да краде ништо друго не знае.

Шлаемот од дпмне сега е кај

Шлаемот од дпмне сега е кај народњаците на Љубчо и во „човекот партија“ на братот Љубе, главните коалициони партнери на Бранко моментално. Тебе вселенецу, ти сметаат одлаците за да го видиш тоа, додека соросоидиотите, од брковите на Милчин, и не гледаат подалеку, што до некаде има економска логика.

А демек Коце, Велјановски,

А демек Коце, Велјановски, Мистер Тинекс, Тодоров, да не го заборавам братучедот Сале и тие што ги спомнав горе се кремот у ДПМНЕ а? Е ашколсун тогаш.

Ако за тебе кремот е Бучко со

Ако за тебе кремот е Бучко со скапите часовници, нема потреба да се разговара повеќе, бидејки ти, не да си во облаци, ти си отиден и повисоко пријателе. Спушти се доле, што би рекол Слаткарот!

Чекај бе дечко, каде јас

Чекај бе дечко, каде јас спомнав дека Бучко бил крем, или каде јас воопшто го спомнав СДСМ, што ми натураш работи кој нити сум ги рекол, нити сум ги помислил, нити има логика да се извадат од мојот коментар. Затоа не таласај многу за слаткари и колачи, или одговори или ич не се јавувај. Не менувај тема одма коа немаш што да кажеш. За ’кремот‘ Бучко ја зборев коа Бучко беше на власт, сеа веќе 5 години Грујо ја има власта, а 3 апсолутната власт и затоа не мрчи само ако немаш што да кажеш.

А што за тебе претставува

А што за тебе претставува КРЕМ?? Некој што е убав и убаво изгледа, или некој што е успешен во работата што ја работи?? Не си ми јасен некако, ако е за убавина, кажи си, ако е за успех во работата, јас незнам дали некој градоначалник до сега постигнал нешто повеќе од Мистер Тинекс како што велиш ти, или од Коце, што тебе те мачи навистина не си ми јасен??? Фуфо или Пенов, или пак Грчев, кој ти е репер за добар градоначалник, или пак за убавина, ајде појасни ги работите?? Што е проблемот со братучедот Сале, не ти се свиѓа, не е добар работник, што?? И кој е реперот, Верушевски ли?? Ајде биди добар и објасни го зборот КРЕМ во политичките партии и дај примери да бидеш уште појасен??

Чекај, чекај, јас го спомнав

Чекај, чекај, јас го спомнав кремот кога беше кажано дека шљамот од ДПМНЕ преминал кај Љубчо, па сакав да знам ако шљамот поминал кој е кремот. Сега, ако Мистер Тинекс постигнал да си изгради Екстра Супер Тинекс у Капиштец место катна гаража, или Коце што направил појадок на мост, ја не знам кај го гледаш работењето. Ако некој се слика секој ден дека се исчистиле контејнерите не значи дека којзнае што се работи. Овој модел на постојано рекламирање они го усвоија од Пенов, кој прв почна три клупи во парк да ги прикажуе како неверојатен проект. Грчев, во принцип, заеба работа со Дебар Маало, ама тоа е мало маче во споредба со кичот во СК2014 и парите што ќе се украдат. Значи не е само да викаме, ама СДС не беа добри, ама и они беа многу лоши, Грујо има 62 пратеника, најголем дел од градоначалниците, судство, синдикати, студентски сојуз, буквално се’. Не може уште да се правда како СДС се криви. А братучедот Сале е посебна приказна. КАжи ми што работи освен што прислушува, се заканува и носи пари у Чешка. Кажи ми по што е добар работник и од кога е нормално шефот на полицијата да биде братучед на премиерот. И те молам не ми го спомнувај Верушевски. Бранко колку што се сеќавам изгуби катастрофално баш ради таквите случаи ко Верушевски. Кажи ми со што е Грујо подобар, а не дека Бранко не бил поарен, добро знам колку беше лош Брако.
А за мене, крем во политичките партии се мислечките луѓе, интелектуалците. Е, денес во ДПМНЕ интелектуалците се сведени на ударна тупаница, на бедни гласноговорници, кои треба да се појавуваат во критички настроени медиуми и да бидат плукани и резилени, а полуписмената багра владее и ги лапа парите. Ја не знам само кај им е образот на тие интелектуалци. А, ако сакаш да знаеш на кого мислам, еве ти неколку примери - Јован Донев, Бранк Саркањац, Горазд од Мизар, Ацо Рембрант, Ристо Никовски, Чашуле. Е тие, би требало да бидат крем во ДПМНЕ, а теренци и чистачи да бидат овие што сега се министри, пратеници и шефови.

Не те прашав за личниот

Не те прашав за личниот бизнис на Мистер Тинекс, човекот е докажан бизнисмен, и ако ти мислиш дека он со политичка активност го стекнал богатството тогаш си во голема заблуда и јас неможам да ти помогнам! Но ти добро знаеш кој е Мистер Тинекс, и твоиве обвинувања се само ефтино дневно пилитикантство! Те прашав зошто не си задоволен од неговата работа како градоначалник на центар и кој ти е реперот за добар градоначалник, одговор нема! Коце Кабана исто така! Веројатно ти си од оние што штрајкуваа за булеварот Илинденска да остане сокак како што беше, бидејки тој ви е начинот на работа, против се, иако тоа е за општо добро, строго против се што работи оваа гарнитура. Здосадено ми е верувај, истите фаци да ги гледам како протестираат и против булевар, и против притвор на криминалци, и против споменици, и за млекарите и за тутунарите? Тоа си ти и твоите! Тоа што ќутевте 20 години, тоа што сорос и маргина не издадоа ниту една книга за уништувањето на градот, буквално од Ѓорче до Аеродром со дивоградби и со гадни архитектонски решенија, тоа никому ништо. Е сега не чинело, порано било топ! Неутралниот сеирџија многу добро се сеќава кој градел а кој крадел во оваа држава, затоа секогаш ќе биде против тебе и твоите, против Бранко и лоповите! Не си задоволен од братучедот Сале, само прислушувал. Ти се осеќаш загрозен од надворешен фактор или што е проблемот со тебе? Што треба Сале да работи, што треба да постигне досега што не постигнал А ТЕБЕ тоа многу ти фали? И дали родниската врска треба да биде пречка за некоја функција? И немој молимте со глупости за кој бил интелектуалец кој бил крем, и кој требал да биде на функција, кој не. Кој за што учел школо пријатељу! И да вашиот Бранко, машинскиот инженер, без ниту еден ден стаж во струката, го сменивме дека беше катастрофа за Македонија. Дали ти мислиш дека оваа гарнитура треба да биде заменете со старата багра од сдсм на чело со маш.инг. БЦ? Јас мислам НЕ и мислам дека тоа ЗЛО повеќе никогаш да не се врати на власт, и нема!!! Затоа треба прво да расчистите со НАЈГОЛЕМИОТ ШЛАЕМ во Македонија од вашата партија, па потоа да дојдеш тука и да опрааш криви дрини!

Како и што очекував, не

Како и што очекував, не одговори на ништо од она што го кажав. Не знам од каде заклучи дека јас сум штрајкувал против Илинденска, напротив тоа е беше добар потег, за жал можеби единствен добар на Коце. За криминалот на Тодоровиќ не мислев на неговиот приватен бизнис пред да стане градоначалник, мислам на катната гаража што бесправно ја пренамени во Екстра Тинекс (кај Капиштец). Е сеа, кои тоа ние 20 години сме ќутеле? Јас денес имам 22 и откога јас сум полнолетен Грујо е на власт, против кого треба да зборам? А што тоа Сале работи те молам објасни ми? Да те потсетам уште еднаш дека 90% од раководството на ДПМНЕ се дојдени од СДС, ДА на Тупурковски, или се стари комуњари како Маневски. Да те потсетам само дека и Ѓоле Иванов и Саркањац и Јован Донев биле Сорос.
„И немој молимте со глупости за кој бил интелектуалец кој бил крем, и кој требал да биде на функција, кој не. Кој за што учел школо пријатељу!“ - пак не одговараш на прашањето, не ми објасни дали лицата кои ги наведов се или не се интелектуалци, или можеби Ѓорчев и Илија Димовски учеле за да бидат власт и крем, а интелектуалците кои ги наведов учеле да бидат плукачи и бранители на бесмислени проекти.
И која моја партија бе? Кај виде еден мој коментар каде тврдам дека СДС биле подобри или дека едвај чекам да се вратат на власт? Кажи ми каде?
И уште нешто, сите некако го заборавивте периодот кога Бранко и Грујо беа во севдах - „ја тебе премиер, ќе го сјебам Бучко, ти мене преседник, со спаринг партнер како Кедев.“ Зошто во кампањата 2006 Грујо збор не кажа за криминалот на Бранко, зошто 2008 не го уапси Велија. Освен за Бранко има многу зошто и за пастирот и баграта околу него кои ти упорно ги браниш.

Значи муабетов станува глуп

Значи муабетов станува глуп затоа што ти се правиш наудрен. Не си бил задоволен од братучедот Сале, те прашав што не си задоволен, ти ми викаш јас да ти кажам што работи. Тоа што му е работа, тоа работи! И еве пак ќе те прашам, ОД ШТО НЕ СИ ЗАДОВОЛЕН, И ШТО МИСЛИШ ДЕКА ПОГРЕШНО ГО РАБОТИ? Исто те прашувам и за Коце Кабана како што го викаш! Јас еден проект ти изнесов и ти баш тој бил добар, ако ти изнесам уште неколку, што ќе кажеш тогаш, ќе излезе дека сите проекти те бендисуваат, ама ти не го сакаш Коце бидејки си обоен!! Очекувам одговор и за Сале и за Коце, а не обвинувања како што напиша погоре: носи ппари во Чешка. И за ова обвунување треба да дадеш објаснување, кој пари, кога, каде, со друго се глупости што интернетот може да ги птрпи, секој може под маската на анонимноста што сака да напише, така и ти тресеш што ќе ти текне! Еве кажуваш дека Мистер Тинекс направил криминал и бесправно ја пренаменил катната гаража во Екстра Тинекс?!? Ти дали си упатен во законите на Македонија, и ако си толку сигурен во себе дека имало криминал, кажи по кој основ, кој член, по која ставка има криминал. Катната гаража е изградена и моментално зјае празна! Или ти сакаше гаражата да биде колку цел објект, мислиш дека така би било поубаво и пофункционално? Нема резон муабетов со тебе бидејки нема докази за твоите обвинувања, само манипулирање, лаги и по некоја навреда, типично ОКНАШКО делување! Веќе и малите деца ве научија кој сте што сте, немора да е постара генерација, и оние со 18 години, и оние со 22, демек колку што имаш ти, ви се смеат на паметот!
И нешто за крај, вакви како тебе што викаат, не сум за Бранко ама ќе гласам за него бидејки сум против Грујо, се најпровидните партиси спинери! Мислам ако не си ниту за Грујо ниту за Бранко, мислам дека прво треба Бранко да го смениш па потоа Грујо, бидејќи не оди Грујо да го замениме со Бранко. Не оди некако едното зло да го замениме со друго зло?! Верувам ќе се сложиме бар за последнава констатација!

Нападот е најдобра одбрана,

Нападот е најдобра одбрана, така?
Не одговори на ништо повторно. Бранко да го смениме а? Ти ако си од СДС повели менувај, не гледам како јас би го сменил Бранко и која функција ја има во моментов Бранко.
Друже, не сум јас ни судија ни адвокат да ти кажам стапки и закони, ама не сум ни слепец, па да не гледам што се случува, од една страна власта прави бучкуруш, не се знае ни каде почнува партијата, а каде државата, што е извршна, а што законодавна власт, а од друга страна сакаш јас, граѓанин, да имам докази пред воопшто да помислам или да кажам нешто. Повторно манипулираш, да не зборам што истото може да се примени и за твоите аргументи за луѓето од другата страна. И јас и ти знаеме што направи Грчев во Дебар Маало, така? Имаме докази за тоа? Во буквално секоја реченица ми ставаш во уста зборови што не сум ги кажал. Каде јас реков оти ќе гласам за Бранко? Нигде не реков.
А за Мијалков ти кажав. Продал фирма во Чешка 600 000 евра и не го пријавил приходот. Не направил ништо во случајот со 750 000 евра во случајот со шоферот на Керим. Алфите се претворени во партиска полиција на ДПМНЕ, иако Бранко ги измисли за да бидат негова партиска полиција. Значи на крај признаваш дека и Бранко и Грујо се исто гомно. Ако е така, зошто толку грчевито го браниш лицето Н.Г. и неговите блиски, а го напаѓаш Б.Ц. кога меѓу нив има знак на равенство. Освен тоа, сега на власт е Грујо, а Бранко е само претседател на партија која има 24 пратеници и според сите анкети има двапати помал рејтинг од Грујо.

А Гелевски штом е толку

А Гелевски штом е толку антипатриотски расположен, што не си отиде од Македонија бе, а? Коља? Дај бе оди си више од тука. Со месеци немам стапнато на сајтов и ко да сум го отворил вчера - тоа па тоа. Дај иди си од тука и скрати си ги маките, и на нас скрати ни ги, зошто постои уопште ова мене не ми е јасно... Ај бар по некој тутунар да го читаше... А овака сам у ВЦ, со порно магазинот пред тебе, мавај мајсторе...

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
X-Men [к:19]
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото