1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Велат луѓето би направиле се' за љубов – некои би отишле до таму да уништат цела популација на лилјаци со цел да го освојат срцето на саканата. Во ова видео „Дома“ истражува како локалното население во Кумановско ги решавало своите љубовни проблеми пред само неколку години.
Професорот Ивица Милевски од Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет раскажува за неговите увиди во популацијата лилјаци во Бислимската клисура. При едно негово истражување околу 2000 година, среќавале луѓе од околните села кои влегувале во пештерите и ги уништува колониите лилјаци. Тие ги собирале лилјаците во торби и ги продавале нивните крилја поради суеверието дека ако момче со крилце од лилјак ја допре девојката која му се допаѓа, таа ќе се заљуби во него. Ова верување се распространило и бидејќи во тој предел останато е претежно машко население по селата.
„Се расчуло тоа верување и верувале или не, имаше огромни колонии лилјаци во пештерите што ги посетувавме на почетокот – при наредната посета немаше ни еден лилјак. (...) бевме запрепастени кога видовме луѓе кои носат полни торби со лијаци, несвесни дека засекогаш тоа ќе биде загубено и уништено на овој простор“, вели Милевски.
Извор: Дома