Shortparis со антивоен спот

15.03.22 17:38

Shortparis, експериментална музичка група формирана во Санкт Петербург, Русија, пред неколку дена објавија ново видео за нивната антивоена песна насловена Яблонный Сад  (Јаболково дрво). Во спотот гостува хорот „Ф.М. Козлова“ составен од ветерани кои се бореле против нацистите во Втората светска војна, верувајќи, како што велат, „дека била последна!“.

Песната е снимена во 2021, а спотот е снимен три дена по отпочнувањето на војната во Украина.

Како што напиша еден коментатор во коментарите на видеото, песната е „за ужасот, на суровоста, со која не можеме ништо, за страшната тага“.

Пејачот на Shortparis, Николај Комиагин, учествуваше на анти-воениот протест во Русија пред неколку дена, каде беше уапсен и затворен на еден ден.

Групата Shortparis е основана во 2012 година. Во неа членуваат Николај Комјагин, Данила Холодков, Александар Јонин и Павел Лесников. Изведуваат музика во пост-поп, поп-ноар, аван-поп и експериментални стилови.

Инаку, Shortparis го имаа своето прво гостување во Скопје на „Здраво млади“ 2021, а овој месец требаше да одржат концерт во МКЦ, кој беше откажан.

Извор: DTF.ru 

ОкоБоли главаВицФото