1010 hPa
45 %

18 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 09:59
О заборавен предел пак дојдов без себе
во твојата немоќ од памтивек што зрее
сред тој цвет неоплоден и мирис што гребе
сред своето безличје што изгнанство не е
туку простор кај сонцето сон затворен најде
една отровна песна во крвта да скрие
Па чекам над заборавот времето да зајде
волкот да го убијам во мене што вие
А виежот се претвора во цвет од идно време
и идното сонце со студен сјај го пали
Па не знам дали сум камен во некој предел темен
осуден засекогаш по својата смрт да жали
Или сум црна молња што со огнено длето
повикот по себе го длаби во бел мрамор
А знам самиот се разнесов по светот
и своето проклетство го носам на рамо