1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 03:59
На 23 и 24 март 2022, во горното фоаје на Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи работилница на тема „Зачувување на местото и просторот на маргинализираната припадност преку културата, наследството и уметноста“. Работилницата е во организација на Хера Хуманитарни науки во Европската истражувачка област ХЕРА, Културно наследство без граници Албанија, Универзитетот Амстердам и Локомотива.
Насекаде низ Европа, а особено во урбаните средини, јавните места и простори на припадност, како и јавните добра, се под притисок. Иако постоењето на отворени и инклузивни јавни простори одамна е препознаено како клучен фактор за промовирање на развојот на поодржливи и поотпорни урбани општества, неколку случувања како што се неолибералните политики на приватизација, дерегулација и либерализација и зголемената ксенофобија го попречија зачувувањето на такви простори. Во овие времиња во кои инклузивните јавни места и простори се намалуваат, секторот за култура, наследство и уметност стана централен во создавањето простори во кои пошироката јавност може да го канализира своето незадоволство, да се покажат алтернативи и да се изрази креативноста и слободната мисла. Развиени се неколку иницијативи со главна цел да се создаде „конкретна утопија“ - конкретна акција кон исчекување на она што сè уште не е. Со развивање на нови форми на управување, се обезбедуваат заштитени места и простори за алтернативно ангажирање, кои овозможуваат континуирано постоење на маргинализираната припадност.
Работилницата ќе ја истражува и анализира улогата што културата, наследството и уметноста можат да ја играат во развојот и зачувувањето на местото и просторот во контексти во кои маргинализираната припадност е под закана. Ќе се фокусираме на новите форми на управување поттикнати во областа на културата, наследството и уметноста и ќе покажеме како овие иновативни пристапи обезбедуваат нов простор за маргинализираната припадност во Европа – како во специфичниот контекст на Југоисточна
Европа, така и во другите делови на Европа. Тоа вклучува работа на јавното учество или отфрлање на пристапот и активностите на музејот, нов пристап кон управување со наследството, раст на иновативни механизми за управување со културата во и надвор од јавните институции, поставување на нови стратегии за развој на градот, како и процут на граѓанските иницијативи. Посебно внимание ќе се посвети на начините на кои овие иницијативи овозможуваат сместување и изложување на маргинализираните форми на припадност како што се оние поврзани со постсоцијализмот, пост-колонијализмот, малцинствата и миграцијата во европскиот јавен простор.
Програма:
Прв ден – СРЕДА 23 МАРТ 2022
10.30 - 11.00 Отворање на работилницата
11.00 - 11.15 Воведни обраќања
11.15 - 13.00
ПАНЕЛ 1: Управување на местото и просторот преку културата, наслеството
и уметноста – нови форми на културна интервенција во јавниот простор
- Деа Видовиќ (Култура нова фондација, Загреб) - Партиципативно
управување со јавните простори во културата како двигател за културна демократија - случаи од Хрватска
- Франческа Готи (Политекнико, Факултет за архитектура, Милано) – Тактички пракси помеѓу децентрализацијата и самопроизводството
- Франческа Сабатини (Болоња Универзитет, Факултет за архитектура, Болоња) – Привремено реактивирање и културно учество во урбаните празнини: нов пристап кон урбана културна обнова преку искуството на OperaCamion, Италија
Модераторка: Билјана Тануровска-Ќулавковски (Локомотива, Скопје)
14.30-16.00
ПАНЕЛ 2: Управување на местото и просторот преку културата, наслеството
и уметноста –
нови форми на културна интервенција во областа на наследството
- Ана Жувела (Ирмо, Загреб) – Социјална инклузија во управувањето со културното наследство
- Хана Семзо (Метрополитен истражувачки институт, Будимпешта)
- Лаура Тапини (Диадрасис, Атина) - «SimvadiZoume»: активно учество и соработка на граѓани и стручни лица за заштита на Споменици од климатските промени
Модераторки: Класке Вос (Универзитет Амстердам, Амстердам)
16.30-18.30 Јавна тркалезна маса со сите панелисти
Претседавачки: Билјана Тануровска-Ќулавковски и Класке Вос
ВТОР ДЕН – ЧЕТВРТОК 24 МАРТ 2022
11.00 -13.00
ПАНЕЛ 3: Негување на местото и просторот за артикулација на маргинализираната припадност – иновативен пристап кон јавен простор
- Петер Драгоев (Топлоцентрала, Софија)
- Леа Вроман и Карол Дебук (Тоестанд, Бирсел)
- Лука Кнежевиќ-Стрика (Магацин, Белград) - Make it till you make it
- Артан Садику (Јадро Асоцијација на независната културна сцена, Скопје) и Јасмина Билаловиќ (КСП Центар - Јадро, Скопје) Модераторка: Класке Вос (Универзитет Амстердам, Амстердам)
14.00-16.00
ПАНЕЛ 4: Негување на местото и просторот за артикулација на маргинализираната припадност – иновативен пристап во областа на наследството и музеите
- Иво Круг (Тек Бункери, Тирана)
- Флака Беќири (ЕЦ Ма Ндрише, Приштина, Призрен) – Културен активизам и други алтернативни начини за заштита и промоција на културното наследство
- Ивана Васева и Филип Јовановски (Факултет за работи што не се учат - ФР~У, Скопје) – Современи (не)демократии и одржување на јавниот простор
- Д-р Ирена Ружин (НУ Завод и музеј Битола, Балканска музејска мрежа) – Кому му припаѓаат музеите и културното наследство?
Модераторка: Ана Жувела (ИРМО, Загреб)
16.30-18.00 Јавна тркалезна маса со сите панелисти
Модераторки: Билјана Тануровска-Ќулавковски и Класке Вос
18.00-18.30 Затворање на работилницата
Сите панели ќе се одвиваат на англиски јазик, без превод.
Повеќе информации, овде.
Настанот е организиран од Хера Хуманитарни науки во Европската истражувачка област ХЕРА, Културно наследство без граници Албанија, Универзитетот Амстердам и Локомотива, Скопје во соработка со Младинскиот културен центар, Скопје.