1017 hPa
64 %

19 °C
Скопје - Сре, 21.05.2025 14:04
Јас чувам стража крај складот за барут
Има еден мошне љубезен пес во стражарската куќичка
Има зајаци што се кријат во густежот
Има ранети од преврзувалиштето
Има еден каплар што ги штипе за нос оние што грчат
Има еден пат всечен в карпа над убавите долини
полни со дрвја в цут што ја бојат пролетта
Има една болничарка што мисли на мене покрај зглавјето на ранетиот
Има големи бродови врз разбеснетото море
Постои и моето срце кое чука како некој диригент
Постојат цепелини што минуваат над куќата на мајка ми
Постои една жена што фаќа воз во Бакара
Постојат артилерци што цицаат киселкави бонбони
Постојат војници од планинските единици што имаат логор со конусни шатори
Има една батерија на топови од 90 милиметри што пука некаде далеку
Има толку пријатели што гинат некаде далеку
Препев: Влада Урошевиќ