Зошто Македонија да ја поддржи империјалистичка Русија?

24.03.2022 19:18
Зошто Македонија да ја поддржи империјалистичка Русија?

 

Зошто Македонија да ја поддржи империјалистичка Русија?

 

Зашто Русиja нè ослободи од Отоманците и ни направи држава. Не се случило, како ни „Сан-стефанска Голема Бугарија“ на рускиот гроф Игнатиев.

Зашто Русија го поддржа ТМОРО и Илинденското востание во 1903. Не се случило.

Зашто Русија беше за целокупна Македонија во 1912. Напротив, Рускиот император требаше да биде судија при поделбата на спорните делови.

Зашто во Првата светска војна Русија ги поддржа Македонците? Не, туку ги поддржа големосрбите кои не третираа како „јужносрбијанци“.

Зашто СССР се бореше да не влезат нацисти на Балканот. Не, туку потпиша пакт со нацистите, и тргуваше со Хитлер кога ја подари Македонија на Бугарија и Италија.

Зашто СССР се бореше за ослободување на Македонија од нацистите. Ни тоа не се случило, барем не во Македонија.

Зашто СССР беше за обединување на Македонците во една држава. И тоа не се случило. Сведочат процентите на салфетките од тајниот договор Сталин-Черчил.

Зашто СССР многу го обичаше Тито кој ги признаваше Македонците, а ич не го обичаше Живков кој ги негираше Македонците. И тоа се нема случено.

Зашто Русија најмногу се грижи за мирот во Македонија и на Балканот. Не се случило. Видовме пред и на 27 април 2017 што значи „украинско (руско) сценарио“.

Зашто „братска“ Русија ја почитува Македонија која влезе во НАТО и сака да биде членка на ЕУ. И тоа, за жал, се нема случено.

Македонија никогаш не била ни последно дупче во империјалистичката шупелка на Русија. Била само „монета за поткусурување“.

Историјата нè учи: Скраја да е од Русија!

Слики: Михаил Гавричков

 

ОкоБоли главаВицФото