Меѓународната порака по повод Светскит ден на театарот: Питер Селерс

27.03.2022 12:48
Меѓународната порака по повод Светскит ден на театарот: Питер Селерс

Порака по повод Светскиот ден на театарот
27 март 2022

Драги пријатели,

Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме, да зборуваме за нив и да ги изразиме.

Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето. Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што ние го доживуваме.

Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку како доживувања?
Театарот е уметничка форма на доживување.

Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот, пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат.

Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува, ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како структури на перпетуална суровост.

Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле?

Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат заштитени простори за длабоко слушање и балансирање.

Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата, животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението.

Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо, овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и одрекување со ослободувачка јасност и сила.

Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности, различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции.

Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација, нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја направиме оваа работа заедно.
Длабоко Ви благодарам за Вашата работа.

Питер Селерс (27.03.2022)

Превод од англиски јазик: д-р Иванка Апостолова

 

Македонската порака по повод Светскиот ден на театарот, овде.
 

Биографија на Питер СЕЛАРС (САД) - Режисер на опера, театар и фестивали

Питер Селарс, е роден во Питсбург, Пенсилванија (САД). Тој е директор на опера, театар и фестивали, кој се здоби со меѓународно признание преку неговите револуционерни и трансформативни интерпретации на класиците; интерпретирањето на 20-тиот век и современата музика и колаборативните проекти со извонреден опсег на креативни и изведувачки уметници. Неговото дело ја осветлува моќта на уметноста како средство за морално изразување и општествено дејствување.

Тој има поставено опери во Dutch National Opera, English National Opera, на Festival d’Aix-en-Provence, во Lyric Opera of Chicago и Opéra National de Paris, на Salzburg Festival. Селарс има соработувано во создавањето на многу дела и со композиторот John Adams: Nixon in China, The Death of Klinghoffer, El Niño, Doctor Atomic, The Gospel According to the Other Mary и The Girls of the Golden West.
Неговите неодамнешни (пред-пандемиски) проекти вклучуваат нова продукција на Doctor Atomic во Santa Fe Opera, поставување на Kopernikus на Claude Vivier на Festival D’Automne во Париз), и продукција на Моцартовиот Idomeneo за Salzburg Festival.

Кон крајот на 2020 година, тој го обмисли и режираше „Ова тело е толку непостојано…“ филм создаден како одговор на глобалната пандемија инспириран од текстот Vimalakirti Sutra. Претстојните проекти вклучуваат поставување на Roman du Fauvel во соработка со музикологот и основач на ансамблот Sequentia, Benjamin Bagby; вистинско оживување е реномираната продукција на Селарс - Tristan und Isolde, нејзината приказна осветлена и продлабочена е со трансцендентната видеографија создадена од уметникот Bill Viola и Perle Noire; делото Медитации за Џозефина, со музика од композиторот и мултиинструменталист Tyshawn Sorey во изведба на неспоредливата вокалистка Julia Bullock.

Селарс водеше неколку големи уметнички фестивали, вклучувајќи ги фестивалите во Лос Los Angeles од 1990 и 1993 година и Adelaide Arts Festival во 2002 година Во 2006 година беше уметнички директор на New Crown Hope, Фестивалот во Виена за кој покани нови и етаблирани уметници од различни културни средини да создадат нови дела во областа на музиката, театарот, танцот, филмот, визуелните уметности и архитектурата по повод прославата на 250-годишнината од раѓањето на Моцарт. Тој служеше и како музички директор на музичкиот фестивал Ojai Music Festival во 2016 година. Селарс е исклучително продуктивна и инспиративна фигура од светската сцена и угледен професор на Катедрата за светски уметности и култури на UCLA, тој е основачки директор на Институтот Боетиус во UCLA, резидентен куратор на Telluride Film Festival, и беше ментор на Rolex Arts Initiative. Добитник е на стипендијата MacArthur Fellowship, наградата Erasmus Prize за придонес во европската култура, наградата Gish Prize и член е на Американската академија за уметности и науки. Селарс е добитник и на престижната награда за музика Polar Music Prize и прогласен е за уметник на годината од Musical America.



 

 

ОкоБоли главаВицФото