Посетител од небото

30.03.2022 03:15
Посетител од небото

Необичниот објект на фотографијата во кој се сместени две момчиња е парче железо кое некогаш одамна американските домородци од долината Виламет во Орегон го сметале свето и го нарекувале „Томоновос“ - посетител од небото.

Впрочем, се работи за исклучително голем метеорит, шести по големина кој е пронајден на Земјата. Не се знае каде точно е местото на ударот, иако постојат претпоставки дека тоа е блиската Монтана, или дури Канада. Денес се чува во Њујорк, во Американскиот природонаучен музеј, а заради своите димензии и необичниот облик, е еден од најпознатите метеорити. Со тежина од околу 15 тони и ширина околу 3 метри, метеоритот Виламет е составен главно од железо, малку никел, кобалт и фосфор, како и некои ретки елементи кои ги има на Земјата како што е иридиумот.

Но, каква е неговата приказна? Пред многу миллијарди години, според едно од можните сценарија кои ги заговараат во Американскиот природонаучен музеј, една од планетите од Сончевиот систем наводно се распарчила на делови, а еден нејзин фрагмент - кој ние сега го знаеме како метеоритот Виламет - судејќи според составот, бил некаде во средиштето на таа планета. Виламет продолжил да се движи низ Сончевиот систем, но на својот пат, како што велат во Американскиот природонаучен музеј, доживеал најмалку два драматични судари, од кои вториот е заслужен што најпосле, патувајќи со огромна брзина влетал во атмосферата на Земјата и удрил во неа.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://naukakrozprice.rs/

ОкоБоли главаВицФото