Музиката во нас

02.04.2022 00:08
Музиката во нас

Додека слушате музика, различни делови од мозокот ги обработуваат и текстот и песната - додека левата хемисфера се занимава со зборовите, десната е задолжена за мелодијата. Имено, познато е и дека повредите на левата хемисфера од мозокот можат да предизвикаат проблеми со способноста за говор, додека повредите на десната хемисфера можат да се рефлектираат на музичката способност па ова поново истражување објавено во списанието Science беше повеќе од логично.

Исто така, поделбата на работата во врска со песните помеѓу левата и десната хемисфера би можела да објасни зошто во врска со допадливоста на песните на некои им е важна само мелодијата, додека други сакаат добро да ги слушнат зборовите.

На лицата кои ќе научат да свират музички инструмент им се менува структурата и функцијата на мозокот - ако, на пример, свириме на клавијатура, делот од мозокот кој е поврзан со движењата на прстите се зголемува. Познато е и дека коропус калосум, тенок дел од ткивото кој ги поврзува хемисферите, кај музичарите е зголемен, а нивните хемисфери подобро комуницираат отколку кај другите луѓе.

Додека пијанистот слуша музика додека го снимаат на магнетна резонанца, двете хемисфери речиси симетрично засветуваат, во однос на музичарите кои свират жичени инструменти и не ги користат прстите симетрично.

Впрочем, музиката толку влијае на работата на мозокот што е забележано дека професионалните музичари, особено оние кои се занимаваат со музика уште од детството, во староста имаат далеку пофункционален мозок и поретко заболуваат од деменција.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://naukakrozprice.rs/