Гледачи на „Фокс Њуз“ ги смениле сфаќањата по следење на „Си-Ен-Ен“, според истражување

04.04.2022 12:17
Гледачи на „Фокс Њуз“ ги смениле сфаќањата по следење на „Си-Ен-Ен“, според истражување

Гледачите на „Фокс Њуз“ кои во рамките на една студија биле платени да гледаат „Си-Ен-Ен“ 30 дена на крајот станале поскептични и помалку подложни на лажни вести, според резултатите од истражувањето.

Студијата насловена како „Разновидните ефекти на партизираните медиуми врз верувањата и ставовите на гледачите: теренски експеримент со гледачи на 'Фокс њуз'“ била спроведена во септември 2020 година и објавена минатата недела.

„Од 763 квалификувани учесници, 40 отсто влегоа во испитаничката група по случаен избор. За да ги смениме нивните медиумски навики, на учесниците во испитаничката група им понудивме 15 долари на час за да гледаат 7 часа 'Си-Ен-Ен' неделно, во текот на септември 2020 година, давајќи им приоритет на часовите во кои учесниците посочија дека вообичаено гледаат 'Фокс Њуз'“, се вели во студијата.

Студијата открила промени во ставовите и мислењата за политиките за Ковид-19, во оценките на тогашниот претседател Доналд Трамп и за републиканските кандидати, како и за избраните функционери.

„И покрај тоа што редовните гледачи на 'Фокс' се главно силно партизирани, откривме разнолики ефекти од промената на медиумските навики врз нивните фактички верувања, ставови, перцепции за важноста на прашањата и севкупните политички ставови“, велат авторите на студијата.

Тие откриле дека учесниците развиле поголема веројатност да се согласат дека доколку Доналд Трамп направи грешка, Фокс Њуз нема да ја покрие.

„'Си-Ен-Ен' (во периодот на реализација на студијата) обезбедуваше опширно покривање на Ковид-19, кое вклучуваше информации за сериозноста на кризата и за лошите аспекти на справувањето на Трамп со Ковид-19. 'Фокс Њуз' многу помалку го покриваше КОВИД-19“, се вели во студијата.

Се покажало дека 'Фокс Њуз' им обезбедува на гледачите информации зошто болеста не е сериозна закана, додека 'Си-Ен-Ен' обезбедува многу повеќе информации за самата болест.

„Фокс Њуз“ ги покривала расните прашања „опширно, но селективно за наводните позиции на Бајден и другите демократи и за избувнувањата на насилство на протестите за расна правда во американските градови“. Студијата покажа дека „Си-Ен-Ен“ обезбедувала малку информации за двете прашања.

Двете мрежи го покривале и прашањето за гласањето по пошта, но, покрај тоа што нуделе различни перспективи, повторно се разликувале во обезбедените информации.

По три дена била спроведена анкета на учесниците.

„Утврдивме големи ефекти од гледањето 'Си-Ен-Ен' наместо 'Фокс Њуз' врз фактичката перцепција на учесниците за актуелните настани (т.е. верувањата) и врз знаењето за позициите на претседателските кандидати во 2020 година“, велат истражувачите. „Тие откриле промени во ставовите за Доналд Трамп и за републиканците, како и голем ефект врз нивните мислења за Ковид“.

Истражувачите заклучиле дека овој ефект е делумно резултат на „партиско филтрирање на покриеноста“, при што партиските медиуми селективно известуваат, што ги наведува гледачите да научат пристрасен збир на факти.

Извор: Independent