Мрачниот илустратор Едвард Гори како моден дизајнер

07.04.2022 11:48
Мрачниот илустратор Едвард Гори како моден дизајнер

 

Илустраторот Едвард Гори во своите дела не се обидува да ги третира децата како возрасни, туку ги поканува во многу „возрасни“ околности; неговите неоправдано мрачни приказни кои ја исполнуваат нивната имагинација (и нивните кошмари). Делата на Гори напредуваат на пресекот на морничавото и урнебесното, фантастичното и секојдневното, и тој го трасираше својот пат децении пред Тим Бартон или Лемони Сникет (кои секако се инспирирани од него).

Интересно е дека Гори се занимавал со костимографија за Бродвеј во 1970-тите и ја освоил наградата „Тони“ за своите дизајни. Неговите илустрации може да се гледаат и како неочекувани модни дизајни - од раскошните додатоци на ликовите до нивната надреална и сложена облека. Во овој избор илустрации токму во фокус е модниот аспект од неговите дела.




































Извор: https://www.messynessychic.com/

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Психологија / Живот / Уметност

ОкоБоли главаВицФото