Дрво на животот и смртта

13.04.2022 10:56
Дрво на животот и смртта

Во дамнешната 1963 година, свештеникот Едвард Стоун ја известил британската академија на науките за своето шестгодишно искуство во лечењето грозница. Во тоа време грозницата се лечела исклучиво со кора од кининовец кој поради перуанското потело бил многу скап. Познат е како „кралски прашок“ бидејќи со него се лечел шпанскиот крал Карлос II; „ѓаволски прашок“, шпоради ѓаволската делотворност; и „исусов прашок“, бидејќи од Европа го донеле Језуитите.

Стоун сакал да пронајде нова билка со истите лековити својства – и успеал. Со кора од врба излечил повеќе од педесет луѓе заболени од маларија, тогаш многу честа и опасна болест. Денес се смета дека хомеопатскиот пристап го навел да ја испроба делотворноста на кората од врба. Имено, маларијата се шири од мочуришните области (денес знаеем дека ја предизвикува каснување од маларичен комарец), а Стоун верувал дека лекот за болеста треба да го бара на местото на нејзиното настанување. Бидејќи врбата успева токму во влажни, мочуришни области и речиси еднакво е горка како и кининот, тој тргнал во истражување.

На болните им давал два до три грама прав во еднакви временски периоди. Во почетокот успешните резултати биле прифатени со задршка, па испитувањата продолжиле, за во 1829 година францускиот аптекар Анри Леру од кората од врба да издвои соединение со шеќер кое го нарекол салицин.

Девет години подоцна италијанскиот хемичар Рафаел Пирија успеал од салицинот да добие салицилна киселина, за дури во 1897 година германецот Феликс Хофман од неа да добие ацетилсалицилна киселина, односно – аспирин.

Во негова чест оваа постапка се нарекува Хофманова синтеза. Иако, денес има и мислења дека главната улога во ова откритие го имал друг научник – Артур Ајхенгрин, за кого, наводно, поради потеклото и престојот во концентрационен логор ова откритие му било ускратено.

Моќна амајлија

Она што кај народите покрај Средоземното море е маслинката, кај Арапите – палмата, тоа кај Евројаните е врбата. Орфеј, таинствениот хадски патник е прикажуван со врба в рака. Младите девојки своите љубовни болки ѝ ги соопштувале на врбата. Кај Германците врбата како амајлија штити од уроци и од зли магии; Французите им ставаат гранчиња врба на покојниците в гроб, а Чесите ја садат над гробовите. Во Англија се верува дека има злокобна моќ, дека дури може да се сруши врз минувачите. Таа е симбол на меланхолија, жлост, несреќни љубови. Во келтската митологија Земјата и Сонцето излегле од две јајца скреини во врбови гранки.

Таа е чест домаќин на кој паразитира имелата, омилена во обредите на келтските свештеници-друиди, и тоа заедништво ѝ дарува огромна магиска вредност.

Цветници

За православните верници врбата е симбол на пролетта, а празникот што ѝ е посветен, нарекува уште и Врбна недела или Врбица – добива ново значење со ширењето на христијанството.

Влезот на Исус Христос во Ерусалим, на празникот Цветници, се слави ден после Лазарова сабота, седум дена пред Велигден. По патот по кој минувал на магарето многумина фрлале гранчиња од палма. Но, бидејќи на северот нема палми, симболиката на радоста на овој настан ја презеле маслинката и врбата. Затоа на Цветници, по излегување од црква, народот се шиба со осветени граничиња од врба. Од нив потоа се прават венчиња кои се качуваат на вратите за да ги заштитат домаќините до следната година.

Природен лек

Родот врба опфаќа повеќе од петстотини видови џбунови и дрва, распространети во умерените и во студените подрачја на северната полутопка. Некои видови се качуват и до 3000 метри надморска височина. Најчесто растат во речните долини и на влажни, мочуришни места. Самиот назив на родот, Salix, најверојатно од келтско потекло, значи „близу вода“.

Билката има машки и женски цветови собрани во ресите. Како фармацевтска сировина се користи кората од бел врна, од црвена врба, од кошараста врба и други видови. Делува против воспаленија и болки а се користи кај болести проследени со висока температура, реума и главоболки.

Орфеј и Евридика

Според старогрчкото предание, врбата е една од деветте најмоќни магиски билки која може да ги преведе живите во мртви и обратно, бидејќи расте во појасот помеѓу светот на живите и светот на мртвите. Затоа се врзува за легендата за Орфеј и Евридика.

Орфеј е еден од ретките јунаци кои слегле во Тартар, светот на мртвите. Со својата музика тој ги измолил Хад и Персефона да му ја вратат Евридика и да ја поведе во горниот свет. Трогнат од неговата песна Хад му ја услишиш моклбата, под услов се’ до излегувњето од светот на мртвите да не погледнува назад. Орфеј тргнал, со сенката на Евридика зад него, но кога бил на самиот праг на светот на живите, токму во некој врбјак, се свртел да погедне дали Евридика навистина го следи. Истиот час таа засекогаш потонала во подземјето.

Сукот

Врбата нашла место и во јудаизмот – во празнувањето на Сукот, седмодневниот празник на колибите, доброто расположение и веселбата. Се слави како спомен на излегувањето на еврејскиот народ од Египет и 40-те години лутање низ пустината. Како треба да биде одбележан, говори Мојсеј:

„Во првиот ден земете овошје од убаво дрво и гранка од палма и гранка од густо дрво и врба од поток, и веселете се пред Бог своите седум дена.“

Денес тоа се плодот портокал, кој се дава на грижливи доброчинители; гранка од палма, која се дава на оние кои вредно учат но не прават добри дела; потоа, гранка од мирта, за доброчинители кои не учат; и врбова гранка, без вкус и мирис, за оние кои ниту учат ниту прават добри дела.

Иако врбата со своите свитливи гранки и прилагодлива природа ни покажува како да се пробиваме низ животот, многу нешта ѝ се забележуваат – особено тоа што нема плодови. Затоа во случај на неостварливи надежи, се вели: „кога врбата ќе роди грозје“. Таа е симбол на недоверливост, па велиме: „сигурен како врбов клин“.

Во врбата, како во ретко која друга билка, се среќаваат животот и смртта, мудроста и презирот, лекот и отровот. Затоа некои врби се разжалостиле и ни ја дале жалната врба.

Извор: Политикин забавник