За кулисите на Груевизмот

17.01.2011 13:18
za-kulisite-na-gruevizmot_1.jpg

Груевски даде четири аргументи за „Скопје 2014“. Ние ги побиваме.

 
Конечно се јави авторот на проектот „Скопје 2014“. Никола Груевски, премиерот на РМ, една година по промоцијата (низ спот) на дотогаш тајниот проект, реши да проговори за контроверзите што ги предизвика неговата замисла за радикално преуредување на главниот скопски плоштад. Груевски во интервјуто за МИА (13.01.11.) понуди четири причини зошто неговиот проект е соодветен. Во продолжение, ја пренесувам аргументацијата на премиерот, а подолу се обидувам да одговорам на неговите аргументи.
 
-Зошто мораше над 20 споменици сега, во време на економска криза?
 
1
Прво, спомениците ги започнавме во времето на економскиот раст во 2007-та и 2008-та. Тогаш, пред воопшто кој било да знае дека светот ќе го зафати економска криза, се склучија договорите со најголемиот дел од авторите и кризата не затекна на веќе започнат проект.
 
2
Второ, Македонија во минатото за време на социјализмот, а да не говорам пред тоа, очигледно беше замислена да биде земја чија историја треба да се потисне и народот да нема развиено чувство за својата национална припадност. Не случајно во минатите две децении некои поединци од наши соседи насекаде повторуваат дека сме нова држава без историја и затоа сакаме да крадеме туѓи истории. Оттаму се надоврзуваат и константните негирања на македонскиот народ и јазик и на нашиот идентитет.
 
3
Трето, нема главен град во Европа без поголем број споменици и спомен-обележја. Зошто сите смеат, а ние не?
 
4
Зошто, конечно, и да не смееме да поставиме споменик на некој кој одбележал цели епохи на една цивилизација, а е поврзан со овие простори?
 
 
 
КОНТРА-АРГУМЕНТИ
 
1
Цели речиси четири години (од втората половина на 2006 до крајот на 2009) проектот „Скопје 2014“ се одвиваше тајно. Првата промоција на проектот се случи низ видео спот на Владата на РМ кон крајот на 2009. Спотот предизвика бура и почеток на јавна расправа досега незабележана кај нас, по обемот и по квалитетот. Но, целата задоцнета јавна расправа Владата ја игнорираше и го продолжи проектот. Јавната расправа, според мене, докажа дека проектот „Скопје 2014“ е катастрофален на повеќе рамништа: економски, политички, законски, урбанистички, естетски...
Што се однесува до конкретниот аргумент на премиерот: ниту во 2007 и 2008 ваков контроверзен проект не смееше да биде приоритет. Требаше да се признае грешката и проектот да се анулира или максимално да се редуцира. Но, Груевски не признава грешки. Неговата ароганција и игноранција многу скапо ја чинат нашата земја. Оти, во земја во која саглам не функционира ни еден јавен сервис (од образование до здравство), скандалозно е буџетски приоритет да биде градењето споменици (и тоа со суми со кои можат да се спасат илјадници човечки животи и да се изградат или реновираат стотици училишта).
Но, дури Македонија да беше Саудиска Арабија, спомениците пак ќе беа тешко споредлива (освен со Туркменистан под диктатура на Сапармурат Нијазов) глупост на еден аздисан владател, во културна смисла гол и бос, а во политичка смисла сосема неодговорен. Да се вложат неколку десетици милиони евра во најсиромашната европска земја е дури повеќе од неодговорно - тоа е криминал. Тоа е забеганост која не може да се споредува дури ни со вообичаената алчност и корупција на стандардно неодговорните балкански политичари; тоа е историска забеганост, нешто што ќе се учи по учебници, до каде може да отиде власта на примитивни млади пропагандисти камуфлирани (од маркетиншки потреби) во револуционерни реформатори.
 
2
У ште еднаш, по кој знае кој пат, Груевски ни објасни дека се’ почнува од него. Јас сум твој Бог, никакви богови пред мене не постоеле, и ќе ме почитуваш само мене.
Чиста лага е дека Македонецот пред Груевски бил аисториска глина, керамички сад кој го чекал својот бог (пастирот) за да му вдахне живот. Македонците имаа своја историја и свое чувство за историјата, се разбира, и пред да се појави груевизмот. Неверојатна ароганција е целата историја пред тебе (особено шеесетгодишната традиција на социјалистичка Република Македонија) да се прогласува за историја која требало „да се потисне и народот да нема развиено чувство за својата национална припадност“. Ова се бладања на необразован, примитивен фанатик (поточно, пропагандист камуфлиран во фанатик, оти анкетите му рекле дека сезонава добро котира револуционерниот фанатизам), кој прави сериозни штети за националната и државната кауза.
 
3
Спомениците и зградите во Европа (кон која, патем, стремат „сите“ наши соседи) се градени барем 500 години. Не се создадени со инстант декрети на забегани водачи кои преку ноќ го менувале идентитетот на нацијата. Впрочем, обидите за ваков тип на „културен инженеринг“, каков што спроведува груевизмот во Македонија во 21 век, во Европа бил карактеристичен пред 200 и 300 години, но се спроведувал со многу повеќе вкус, знаење и мера.
Никој не смее да ја фалсификува историјата и политички да манипулира со неа заради дневни пропагандни и политички цели. А ако го прави тоа, никако не смее да го прави со парите од граѓаните.
  
4
Конкретниот 22-метарски споменик на Александар Македонски е несоодветен, кичерски и мегаломански. Неговото поставување е штетно, освен од културно-естетски и урбанистички аспект, и зашто многу им штети на интересите на РМ во за нас витално важниот спор што што го имаме со Грција.
 
 
ЗАВРШЕН КОМЕНТАР
 
„Скопје 2014“ е непромислена и неодговорна кулиса. Фасада, сценографија за одвивањето на игроказите на една забегана пропагандистичка власт. „Националното“ во „Скопје 2014“ се третира како плакат, нема длабочина, нема ситуираност во просторот и времето; „националното“ е само налицкана слика на грдата кралица која во халуцинантното огледало се обидува да го замрзне својот „убав“ одраз.
„Скопје 2014“ наликува на граничната демилитаризирана зона во Кореја каде што е изградена интересна театарска сцена наменета за туристите. На предниот дел од таа градба постои голем прозорец кој се отвора кон Северна Кореја (прозорец кој наликува на филмско платно; на некое чудно пробушено филмско платно, од онаа страна на реалноста). Иако самата демилитаризирана зона наликува на некаков тип на бодријаровската „пустина на реалното“, Севернокорејците направиле една дополнителна спектакуларна финта: пред „театарскиот прозорец“ тие изградиле сосема лажно модел-село со прекрасни куќи. Навечер, на пример, сите светла во куќите едновремено се палат, иако таму не живее никој.
Стварноста, вели Славој Жижек, гледана низ рамка, се претвора во својот сопствен приказ.
 
слики: Свирачиња

Текстот продолжува тука

Јас би сакал да ја коментирам

Јас би сакал да ја коментирам само втората изјава на господинот Груевски. Точно е дека социјализмот беше исто така репресивен систем, но не можеме да зборуваме дека сE во тој систем го негираше македонскиот идентитет. Тито и сам ги призна националностите, а дека тоа е факт е и создавањето на босанската нација. На крајот на неговото владеење имало слобода на изразување на својата национална припадност. Друга работа: за времето на социјализмот македонскиот јазик добил свој речник, своја граматика. Благодарејќи му на социјализмот и поради сплет на повеќе политички настани бил македонскиот јазик стандардизиран. Во седумдесеттите Коробар ја пишувал својата рубрика за македонскиот јазик и се пазело многу на изразувањето. МТВ имала лектори, имала читатели на вести со дикција, со правилен изговор. Денешните вести ни се полни со грешки. ГодинАва го читаат како годИнава, иако тоа е прилог, па е исклучок од тросложното акцентирање. Влечат. Нема почит кон јазикот. Не верувам дека сега нашиот јазик доживува процут. Затоа, не би можел да се согласам дека македонскиот јазик бил во тоа време негиран. Напротив, можеби благодарејќи на противсоветската политика на Југославија, не дошло до евентуално спојување на бугарскиот и македонскиот јазик, кои веќе доста биле уште на почетокот на 20 век далечни еден од друг, како по синтакса, така и по лексика и други јазични елементи.
За другите елементи не знам. Споменици споменици, тоа ни е тоа!

А кој очекуваш да го почитува

А кој очекуваш да го почитува јазикот? Еден полуписмен демагог како Пилатас?
Инаку, потполно се согласувам, во социјализмот се продолжи проектот на Мисирков, со мали застранувања и пропусти, денес јазикот е оставен на милост и немилост, заштитени се само партиските проекти, токму поради односот на власта кон земјата и комплексите дека од нив и со нив почнува историјата.

**** According to

****
According to Transparency International's annual
survey and Embassy contacts' observations, corruption in
Tunisia is getting worse. Whether it's cash, services, land,
property, or yes, even your yacht, President Ben Ali's family
is rumored to covet it and reportedly gets what it wants.
Beyond the stories of the First Family's shady dealings,
Tunisians report encountering low-level corruption as well in
interactions with the police, customs, and a variety of
government ministries. The economic impact is clear, with
Tunisian investors -- fearing the long-arm of "the Family" -- forgoing new investments, keeping domestic investment rates low and unemployment high

*****

President Ben Ali's extended family is often cited as
the nexus of Tunisian corruption. Often referred to as a
quasi-mafia, an oblique mention of "the Family" is enough to
indicate which family you mean. Seemingly half of the
Tunisian business community can claim a Ben Ali connection
through marriage, and many of these relations are reported to have made the most of their lineage.

****

??

DAKAR, Senegal — A muscled

DAKAR, Senegal — A muscled man emerges from a volcano. His left arm holds a baby aloft toward the West, his right arm pulls a scantily clad woman behind him.

This is the Monument to the African Renaissance, currently being erected here. It is supposed to symbolize Africa emerging from centuries of oppression, but the statue has left women in Dakar asking: Whose renaissance exactly?

***

At 164 feet tall — just higher than the Statue of Liberty — the monument is the pet project of Senegalese President Abdoulaye Wade. He claims it will become a tourist attraction as popular as the Eiffel Tower or the Statue of Liberty.

Rumblings of discontent erupted this fall when Wade announced that he, as "intellectual creator," would be taking 35 percent of all tourist revenue the state monument earns.

Supporters say the giant statue will draw tourists but critics charge the colossus — estimated to cost $27 million and built by North Koreans — highlights how disconnected Wade, 83, has become from the daily struggles of Senegalese citizens.

Politicians charge that Senegal's economy is declining and health and education are in crisis, yet massive public funds are being squandered on the statue.

Прашања до авторот на

Прашања до авторот на текстот
1. толку ли го мрази премиерот што ете по изградбата на новата сала на Македонската филхармонија нема да оди на ниедна опера или балет
2. Толку ли е разочаран од проектот Скопје 2014 што нема да го посети музејот посветен на холокаустот на евреите
3. ќе ги одбегнува новите мостови на Вардар и само ќе поминува по Камениот мост на Вардар
4. Нема да влегува во новиот Археолошки Музеј бидејќи и нема потреба (ние, македонците, и досега сме свесни за тоа кои сме и што сме па нема потреба од плаќање карта за влез во музеј за кој знае се)
П.С Се согласувам дека има и промашувања во проектот (како на пр. триумфална порта, Огромен споменик на Александар Велики и сл.) но сепак тоа не прави целиот проект да биде промашен.

Музејот на холокаустот нема

Музејот на холокаустот нема никаква врска со „Скопје 2014“. Авторите на Филхармонијата исто така гадливо се оградуваат од „СК 014“ и не сакаат никако да бидат спомнувани во тој, се согласувам, срамотен контекст.
Но, овде не се работи за лицитирање и пазар (оваа зграда ми се свиѓа, оваа не), туку за една катастрофално неодговорно замислена и почетно реализирана идеја. Инаку, има многу добри работи и кај Хитлер итн. - вечно истата приказна, не е се’ толку црно итн. Не е, се разбира. Ради тоа и се бориме против мракот, весело, полетно (со полни гради:) и информирано.

Навистина очекував аргументи

Навистина очекував аргументи да ги побиете аргументите на Груевски. Наместо тоа арогантни изливи на навреди. Така можеби ќе си ги смирите фрустрациите и ќе се оправдате пред Вашите спонзори, но , Ве молам, имајте доблест, барем обидете се да ги прикриете Вашата самозаљубеност ,опсесивна омраза и нихилизам.Ќе се изедете самиот,Човеку. Дишете длабоко

Прво, јас од Грујота досега

Прво, јас од Грујота досега ни еднаш не чув аргументи. Второ, он две години не признава дека он е идеен творец на проектов, те бил на Мистер Тинекс, те на Коце Кабана, те на Ганка други дел, познатата како „каса прими“. Второ, сега откако призна, за странски медиум дека он е тој што одлучувал за проектов, изналупа толку глупости, што е просто чудно како „остана жив“. Трето, сите точки, со исклучок делумно на последната, се аргументирања, а не паушални тврдења, мене не/ми се допаѓа. Веќе не се работи само за критика на бесмисленоста и естетското насилство кое го носи проектот, сега веќе станува/ треба да стане збор за очевидната коруптивност во самиот проект. А за тоа, богами се лежи ќорка.

Дамјан, грешите. Ретко

Дамјан, грешите. Ретко конструктивно, од првиот миг кога се објави лудачкиот спот на Грујо, Гелевски настапува во јавноста со разумни, логични и аргументирани ставови контра фараонскиот проект. Излегоа и три книги посветени на урбанистичката деструкција на груевизмот, како и цел број на списанието Маргина, посветен на Градот. Самозаљубеност, нихилизам и опсесивна омраза кај критичарите на груевизмот?! Нешто да не сте утнале, Дамјан?! За тоа кој реално го растура општеството со својата нарцисоидност, ароганција, игноранција и настапување исклучиво од позиција на сила?! Кој беше оној што манијакално го гланца огледалото петта година?! Кој потроши стотици милиони евра за „улепшување“ на сопствената „народна“ слика?! Да не случајно таму лежат нихилизмот, деструкцијата, самозаљубеноста и омразата?!

Книгите од библиотеката

Книгите од библиотеката Градот се достапни тука:
http://okno.mk/node/8520
http://okno.mk/node/8591
http://okno.mk/node/8640

Насмевката на вашето лице,

Насмевката на вашето лице, Дамјан, е блажена како неисправна стапица за глувци.

Кучињата лаат, карванот си

Кучињата лаат, карванот си врви, ќе престанете да лаете во 2014, јас едвај чекам, бидејки мудава ги потековте! Гелевски со парите на сорос издал три книги, и Маргина, исто така на Гелевски и исто така со парите на сорос, еден цел број бил посветен на проектот. Јака муда! Абе се читате ли колку сте тиња, соросоидиоти?!

Груевизмот потроши 10

Груевизмот потроши 10 милијарди евра за 4 години - и пак не направи ништо, само карабини, фасади, кулиси, ко што вели Гелевски - Потемкинови села. Преродбата помина пат ко што поминаа пат купчето дождовни црви набиени во конзерва за мамци.
За Неутрал Форте: Онака како што на Тосканини му звучи мајмун на вергл, така на нормален човек му звучат твоите ступидни изродбенички коментари, полни со насилство и глупост. Впрочем, сите си наликувате едни на други, изродбениците, баш според силеџиството и малоумноста.

Психоаналитичару Гелевски,

Психоаналитичару Гелевски, батали ова, досадно е веќе. Дај напиши ни нешто за тоа колку е глуп Гоце Смилевски, а колку си ти супер, може, а?

Smilevski e Frojd za

Smilevski e Frojd za Gelevski! Koj e toj Gelevski voopshto?

vecer.com.mk/?ItemID=D0A21A65BE36FA42944922A349F74F1E

Една недела Груевски и

Една недела Груевски и фашизмот, две недели Скопје 2014, и се така во круг, толку ти е таметот, толку ти е капацитетот, нема за што да се фатиш па верглаш едно те исто, верглаш во празно. ТИЊА невидена си Гелевски!!!

Гелевски одамна пати од

Гелевски одамна пати од фикс-идеја.

А бе Неутрал... гнида си. Се

А бе Неутрал... гнида си. Се гадам што ти се обраќам.

Vo odnos na prviot argument,

Vo odnos na prviot argument, navistina e fascinantno kako dodeka celiot svet se podgotvuvashe za ekonomskata kriza koja vo 2007 i 2008 veke postoeshe, samo nashata vlada go ubeduvashe ovoj (pretezno zalno neobrazuvan narod) deka krizata magicno ke ne' odmine, nema toa zlo da stigne do nas. Vladata beshe svesna shto doagja, taka da navistina e nesoodvetno da se vadat na kartata deka svetot pa ete i oni ne znaele deka sledi kriza. Krizata pochna da stanuva jasno vidliva i za neekonomskite analiticari veke ushte na sredinata na 2007 godina. Dokolku gospodata od ekonomskiot sovet na vladata navistina ne znaele deka nema finansiska kriza koja ke prerasne vo ekonomska vo svetski razmeri, togash navistina ne znam kako e mozno da se naogjaat na tie pozicii i da vodat drzava.

Многу се добри фотомонтажите!

Многу се добри фотомонтажите! Секоја чест! „Свирачиња“ се тие авангардните уметници што имаа емисија на канал 103?! Брилијантни се! А вие, Окно, почесто објавувајте ги „Свирачиња“:-)

Браво и од мене! Повелете

Браво и од мене! Повелете линкови до сликите во висока резолуција:
http://img401.imageshack.us/img401/485/vmrobalet.jpg
http://img573.imageshack.us/img573/4098/grassj.jpg

АХ, голем кур... :D

АХ, голем кур... :D

Посебно нешто против

Посебно нешто против аргументите на авторот немам. Размената ма мислења е убав начин подобро да се разбереме самите себе. Но го молам авторот да ме разбери и мене дека ми се поткрева од пети кога ке помислам дека за владеењето на СДСМ истите народни пари што сега се трошат за СК 2014 не беа инвестирани никаде, па макар и во проект како овој, а каде се? Ако правиме споредба не е само овој проект на оваа влада, но никако не ми текнува каде се потрошени парите од предходната.
Секое добро

Годинава кога има функција на

Годинава кога има функција на именка се акцентира нормално

До кога ќе ја докажувате

До кога ќе ја докажувате вашата маленкост со коментирање кој што „прави“. За разлика од слични како вас, другите работат, не исмеваат како вас, замислени експерти или којзнае што се замислувате.
Ако сте за во политика, активирајте се и своите ставови канализирајте ги таму. Не го узурпирајте времето на невиниот народ, кој му дозволи на премиерот да го прави тоа што го прави.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото