Групна изложба „Возвишување“ во Метаноја

14.04.2022 16:45
Групна изложба „Возвишување“ во Метаноја

 

Во петок 15 април 2022 година од 12:00 часот ќе се одржи групната изложба „Возвишување“ во галеријата „Метаноја“. „Метаноја“ се наоѓа на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Сликите се избор на кураторот Климе Коробар од личната колекција уметнички дела, а се насликани од уметници кои се негови добри пријатели и соработници. Автори на делата се: Денис Тенев, Доне Милјановски, Роман Кисјов - Бугарија, Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Вели Блакчори - Косово, Атанас Атанасов - Бугарија, Бернхард Холеман - Австрија, Глигор Чемерски, Евгенија Демниевска и Илија Кочовски.

Извадок од рецензијата на Коста Милков:
„Изложбата ВОЗВИШУВАЊЕ е вистинско чевствување на светскиот ден на уметноста под покровителство на УНЕСКО. Уметничкиот дух не знае за граници и за поделби. Приказната која е наменета да биде заедничка за целиот свет е мотивот кој обединува низ призмата на различноста на генијот на секој поединечен уметник. Потврда дека уметноста е насушна потреба за опстанокот на човечката цивилизација.“

Датумот му претстои на одбележувањето на Велигден според Запaдниот и според Источниот календар. Имајќи предвид дека некои од најважните остварувања на да Винчи се инспирирани од Исус Христос, „Возвишување“ одлично се надополнува тематски и естетски со поводот за светскиот ден на уметноста, како и со конкретното значење на Велигден. Овој клучен историски миг за христијанството до кој водат Христовите страдања и смрт, е пред сѐ недвосмислена победа на животот манифестирана во Воскресението.

ОкоБоли главаВицФото