Цветници

17.04.2022 21:47

Празникот се вика ЦВЕТНИЦИ. Тој ден луѓето ги украсуваат вратите од своите куќи со цветови.

Речиси сите билки даваат цвет. Затоа и се викаат цветници. Според нив и времето кога цветаат, дадено е името: ЦВЕТНИЦИ. Во тоа време сите се радуваат на цветањето на дрвјата и на расцветувањето на цвеќето.

Луѓето изведуваат обреди и ритуали. Празникот се вика ЦВЕТНИЦИ. Тој ден луѓето ги украсуваат вратите од своите куќи со цветови.

Тоа е времето на моите откритија и сознанија. Нив ќе ги најдете во мојата поезија.

Во оваа книга ќе најдете и една друга појава: МОИТЕ ЛИКОВИ СО ЦВЕТ. Ликовите со цвет се ретките луѓе на овој свет. Нивните портрети се појавуваат во моите стихови и во моите цртежи. Тоа се поетски цртежи. Се надевам дека на секого ќе му бидат интересни!

 

Јозо Т. Бошковски (1933, Острилци, Крушевско ‒ 2008, Скопје) – поет, раскажувач, есеист, теоретичар, сликар, една од најнеобичните фигури во македонската култура. Автор е на дваесетина екстравагантни книги од разни жанрови: поезија, поезија во проза, раскази, драми, книги за деца, есеи, уметничка теорија, дневници... 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото