1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Еден од најпознатите современи уметници во Австрија, Херман Нич, почина на 83-годишна возраст. Уметникот, кој со своите дела стекна светска слава, починал во болница во Мистелбах по тешко боледување.
Нич го привлече вниманието на јавноста од почетокот на својата работа. Од првите до последните дела видлив е неговиот интерес за религиозни теми. Тој беше коосновач на „Виенскиот уметнички акционизам“ и разви независна уметничка практика која ги поврзува мистериите на театарот, комбинирајќи текст, музика, сликарство и перформанс. Еден перформанс на сликање со животинска крв предизвика бурни реакции во јавноста. Бил познат и како композитор и како писател.
Кулминацијата на неговата работа беше претставена во 1998 година во дворецот Присендорф како дел од шестдневнен перформанс. Нич го купил замокот во 1971 година и во него ги создавал своите дела, но и ги претставил на јавноста. Неговите дела се критикувани од застапниците на животните поради употребата на животинска крв, како и од теолозите поради религиозните мотиви. Но, додека јавноста во Австрија ббешеила згрозена, тој стекна слава во странство и изложуваше во Њујорк, Лондон…