Фрагментирани портрети

26.04.22 17:49

Германскиот уметник Матју Бурел работи со колажна техника за да создаде досега невидени ликови и сцени. Во серијата насловена Duplicity Serie, тој раскршува винтиџ фотографии и ги прераспоредува на разни начини во единствена композиција; парчиња од сликата се извлекуваат и се прошируваат, а нечие лице може да се појави неколку пати во различни итерации.

Овие визуелно привлечни дела содржат елементи на надреализам. Иако се реалистични портрети на луѓе, Бурел своите субјекти ги трансформирал така што нивните лица изгледаат како маски или како парчиња од сложувалки. Секое парче од нос или око се вклопува во друга слична форма, но заедно не создаваат јасен и кохерентен портрет. Наместо тоа, тие се разединети предизвијувајќи малку морничаво чувство.

Бурел пишува дека го интересира „моќта на сликите и нивните комбинации“, а тоа секако ни го покажува во својата креативна серија. Со едноставно реплицирање на аспектите на една фотографија, можете да откриете нови и чудни квалитети.

 

Извор: My Modern Met

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото