Забави во кутии за накит

28.04.22 17:11

Во мали кутии за накит, канадско-тринидадскиот уметник Кертис Талвст Сантијаго вгнездува минијатурни сцени проткаени со длабински наративи за домот и интимноста, дијаспорскиот идентитет и меморијата. 

Во оваа серија уметникот се осврнува на своето детство и семеен живот користејќи мешани медиуми. „Соца во предградието“ вклучува прикази од подрумот на неговите родители комплетирани со густ тепих и изразена естетика од 70-тите. Овие средини, објаснува Сантијаго во изјавата, ја одразуваат потребата од приватни собири во 2020 година и важноста од споделување истории низ генерации:

„Оваа тема на 'Соца во предградијата' се појави за време на Ковид кога започна затворање на клубовите во современа смисла, а луѓето почнаа танцуваат дома и да се појавуаат карантин дискотеки дома. Тогаш почнав да мислам на членовите на семејството што не можев да ги видам и а  забавите од моето минато... Размислувам и за тоа што сакам да му пренесам на мојот син кога фотографиите ќе пропаднат. Сакам да има архива на неговата семејна историја, на неговото културно наследство. Сакам да знае од каде потекнува неговото семејство, не само древните предци, туку и неговите баби и дедовци, и да ја види облеката што ја носеле и оние полароиди што многу луѓе од Карибите ги имаат од активностите на возрасните во собата со румус.“















  





Извор: 

ОкоБоли главаВицФото