Тргнување

29.04.2022 19:23

Наредив да ми го извадат коњот од шталата. Слугата не ме разбра. Самиот заминав во шталата, го оседлав коњот и го јавнав. Слушнав како во далечина свири труба, па го запрашав слугата што значи тоа. Тој ниту знаеше ниту слушнал нешто. На портата ме застана и запраша: „Каде јаваш, господару?“ „Не знам“, реков, „само подалеку одовде; непрекинато што подалеку одовде, само на тој начин можам да стигнам до својата цел.“ „Ти, значи, ја знаеш својата цел?“, ме запраша тој. „Ја знам“, одговорив, „и веќе реков: 'подалеку одовде', тоа ми е целта.“ „Не си понел храна“, рече тој. „Не ми треба“, возвратив, „патувањето е толку долго што ќе умрам од глад ако патем ништо не добијам. Не може да ме спаси никаква понесена храна. За среќа, станува збор за навистина големо патување.“

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото