За параболите

02.05.2022 14:33

Многумина се жалат дека зборовите на мудреците секогаш се само параболи и дека не можат да се употребат во секојдневниот живот; а ние го имаме само тој единствен живот. Кога мудрецот ќе рече: „Премини преку“, тој не мисли да премине на другата страна, што сепак уште и би можело да се постигне кога резултатот би бил вреден за изминатиот пат, туку мисли на некое легендарно Преку, на нешто кое не го познаваме, кое ни тој не може поблиску да ни го опише и кое, според тоа, овде не може никако да ни помогне. Сите тие параболи сакаат само да кажат дека непоимливото е непоимливо - а тоа веќе го знаеме. Она, меѓутоа, со што секој ден се мачиме, е нешто сосема друго.

На тоа еден рече: „Зошто се браните? Кога би ги слушале параболите и би постапувале како што велат тие, и самите би станале параболи, па веќе со самото тоа би се ослободиле од секојдневните маки.“

Друг рече: „Се обложувам дека и тоа е парабола“.

Првиот рече: „Доби“.

Вториот рече: „Но, за жал, добив само во парабола“.

Првиот рече: „Не, во стварноста; во параболата ти изгуби“.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото