1020 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 17:59
Јули Хрнчижова е чешка фотографка која живее во Норвешка. Во нејзината тековна серија „Секојдневни скулптури“, таа бара случајни ready-mades во урбаната средина. Фасцинирана од човековите гестови и траги оставени зад себе, таа е привлечена од овие навидум банални, минливи композиции, прикажувајќи ги како „артефакти што ја рефлектираат креативноста, генијалноста и чувството за аматерска „направи-сам“ активност.
Во време на зголемен консумеризам - кога сè што е истрошено веднаш се заменува со нешто ново - Хрнчижова ги доживува овие моменти како резултат на непосредна и распространета материјална потреба. „Серијата се занимава со материјали пронајдени од свет кој можеби веќе е во урнатини, но во исто време под бесконечна градба“, објаснува таа. „Може да понуди ново читање на општество кое има навика да ги отстранува предметите толку брзо колку што се стекнати“.
Извор: Booooom