160 стебла

06.05.2022 03:10
160 стебла

Да замислиме дека едноставно можеме да го запреме глобалното затоплување така што ќе посадиме многу дрвја. Познато е дека обновувањето на вегетацијата е најефикасниот начин во борбата против климатските промени зашто огромната количина јаглерод диоксид - плод на современиот начин на живот - која сега ја создава ефектот на стаклена градина, овие нови растенија би ја искористиле за фотосинтеза.

Истражувачите од швајцарскиот истражувачки центар Краутер се обидоа да го пресметаат овој податок. Пресметката не е едноставна и вклучува многу параметри, но тие дошле до бројката од 1,2 билиони нови стебла кои се доволни да го апсорбираат сиот вишок на јаглерод диоксид (тоа е навистина голема бројка, 1.200.000.000.000).

Тоа значи дека секој човек, од вкупната популација на Земјата од околу 7,5 милијарди, би требало да засади 160 стебла.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://naukakrozprice.rs/