Проект „Акустична мачка“

11.05.2022 10:35
Проект „Акустична мачка“

Занимливости кои можеби не сте ги знаеле...

 

*
Како настанало лижавчето во форма на луле? Приказната вели дека околу 1670 година, некој германски диригент, за да ги смири децата на проба, им поделил лижавчиња со вкус на нане, во облик на стапчиња закривени на крајот. Намерно го одбрал тој облик бидејќи се работело за проба на црковен хор, па лижавчето требало да потсетува на овчарски стап, што имало врска со Христовото раѓање.

*
Вареното вино во средниот век се викало hippocras или Vinum Hippocraticum. Зачините што се ставаат во виното, најчесто цимет, се цеделе низ конусна платнено ќесе, наводно Хипократов изум. По овој прочуен грчки лекар, кој живеел на преминот помеѓу 5 и 4 век п.н.е., тоа платнено сито со кое се филтрирала водата, се нарекувало manicum hippocratium.

*
Личноста што не се интересирала за политика и за јавни работи во стара Грција ја викале идиот. Овој израз со текот не времето, секако, добил ново значење. Освен што така понекогаш се означуваат поединци со скромни ментални способности, поимот се користи и како некој вид пцовка, кога некој човек сака некого да навреди и со еден збор да му соопшто дека за него мисли сe’ најлошо.

*
Кога американските воени сили дознале дека Виетнамците биле суеверни кога било во прашање играњето карти, тоа бил уште еден начин да се обидат да ги поразат. Во Виетнамската војна (1965 – 1975) од авионите и хеликоптерите фрлале десетици илјади шпилови. Виетнамците, имено, вервале дека единицата пик претскажува смрт. Оваа карта инаку и симболизира смрт.

*
Нигериската војна траела од 1967 до 1970 година, кога југоисточните делови од земјата се обиделе да се отцепат и да прогласат Република Бијафру. На самиот почеток на судирот двете страни договорно ја прекинале војната на два дена, бидејќи сакале да го гледаат Пеле, славниот бразилски фудбалер (роден 1940), во еден меч.


*
Во Кралството Бутан владата смета дека бруто националната среќа (GNII) е значајно поважна од бруто националниот доход. Според некои истражувања жителите на оваа држава во јужна Азија сметаат дека се меѓу најсреќните луѓе на светот. Во ова кралство, инаку, издадена е една од сигурно најоригиналните поштенски марки во историјата на филателијата. Во 1973 година направена е марка со засеци на задната страна, всушност некој вид грамофонска плоча, бидејќи кога ќе се ставела на грамофон можела да свири.

*
И белгиските пошти биле имагинативни. Во 2013 година тие издале марка со вкус на чоколада. Секако, не била наменета да се јаде, но при лизнување на лепливиот дел оставала вкус на чоколадо.

*
Ако младоженецот е премногу нервозен да се појави на своето венчавање, има право да замоли некого да му биде застапник и да каже „да“ наместо него. Ваков необичен закон постои во неколку сојузни американски држави: Калифорнија, Колорадо, Тексас и Монтана.


*
Пластичните хирурзи имаат полни раце работа во Јужна Кореја. Во оваа земја еден од најбараните зафати е „полна уста смеа“. Се работи за зафат со кој аглите на усните се издолжуваат така што се чини како таа личност никогаш да не ја трга насмевката од лицето. Насмевката е очигледно роба што добро се продава (и купува).

*
Во шеесеттите години од минатиот век во САД се потрошени повеќе од дваесет милиони долари на т.н. „Проект акустична мачка“. Научниците во амеиканската разузнавачка агенција имале намера да обучат мачки и да им вградат уреди за прислушување во телото, а во опашките некаков вид антена. Секако, мачките требало да ги прислушуваат тогашните советски шпиуни. Првата задача што една мачка ја добила била да прислушкува двајца Руси во еден парк во Вашингтон. Штом потрчала, на мачката налетал некој таксист и ја усмртил. Така неславно завршила оваа крајно бесмислена замисла и страдале недолжни животни.

Извор: Политикин забавник
Илустрации: Nicholas Zirk

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Општество / Живот
Книжевност / Живот
Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото