Измачени писатели

12.05.2022 14:41
Измачени писатели

 Необични анегдоти од животите на славните писатели...

 

*

Првиот модерен англиски епистоларен роман „Памела, или Наградена доблест“ на Семјуел Ричардсон, доживеал огромен успех кај читателите. Првиот дел бил објавен во ноември 1740 година и излегувал во продолженија во весниците. Читателите ширум Англија кои нетрпеливо го исчекувале крајот биле пресреќни кога дознале дека главната хероина на крајот победила и дека нејзината доблест била наградена. Се зборува дека во местото Слоу восхитените селани ги удирале црквените ѕвона од радост. Истото се случило и во Престон во Ланкешир, каде една слугинка ѝ објаснила на својата господарка зошто ѕвонат ѕвоната:

„Зар не знаете, госпоѓо, дека кутрата Памела конечно се омажи - пишуваше во утринските весници!“

Ричардсон инаку на само тринаесет години пишувал љубовни писма во име на млади жени кои не знаеле што да им напишат на своите избраници.

*
Ирскиот нобеловец и министер Вилијам Батлер Јејтс, еднаш го прашал Томас Харди, англиски писател и поет, како во текот на својата долга кариера се борел со книгите кои му ги праќале на потпис – колку долго ги чувал, што пишувал и како ги праќал назад. Без збор, Харди го повел на третиот спрат од својата куќа, ја отворил вратата од една огромна соба која од подот до таванот била исполнета со книги, тажно изустувајќи: „Јејтс, ова се книгите што ми ги праќале за потпис!“

*
Харди останал познат и по својата омраза кон водата. Според сведочењата на неговиот домар, во последните години од животот ниеднаш не се избањал.

*
Кога сепак, би се бањал одвреме-навреме, можеби би му се исполнила една голема желба. Имено, Харди бил многу горд на своите години. Додека во 1929 година се подготвуавал за печатењето на „Зимски зборови“, во предговорот напишал; „Колку што знам, јас сум единствениот англиски писател кој издал нова збирка песни на својот роденден“. Имал намера да напише „осумдесет и деветти“, но не го доживеал. Книгата се појавила постхумно.

*
Харди сакал неговото срце да биде закопано во неговото родно место Стинсфорд, откако остатокот од телото бил кремиран во Дорчестер. Се’ одело по планот додека мачката која припаѓала на поетовата сестра не го зграпчила срцето од кујнската маса и исчезнала во мракот во блиската шума.

*
Вилијам Батлер Јејтс починал работејќи. Додека престојувал во англсиката област Сасекс во 1913 година, тргнал во селската пошта. Гледајќи дека е затворена, се вратил бесен на имотот.

„Господине, зарем не знаете дека денес е Божиќ?“ го прашал домарот.

Кога подоцна го прашале како се чувствува, Јејтс рекол:

„Лошо. Денес можам да пишувам само проза.“

*
Јејтс потекнуал од долговечна фамилија – татко му починал на 83 години, а брат му на 86. Кога лекарите му рекле дека му остануваат уште три години живот, се доверил на сопругата, велејќи дека се чувствува како да ја срамоти фамилијата што ќе умре толку млад.

*
Благодарение на неверојатниот успех што го имал како драмски пистел, Сомерсет Мом целиот живот имал пари да ужива во најдобрите нешта. Патувал можеби повеќе отколку кој било современ писател, и тоа со бродови. Секогаш избирал француски бродови, бидејќи, според него, на нив ги немало они глупости прво да се спасуваат жените и децата.

*
Кога сопругата на Габриел Данте Росети, англиски сликар и поет од 19 век, починала од преголема доза опиум само две години по нивото венчавање, вдовецот со неа погребал и една тетратка во која биле запишани сите негови песни. Ја поставил блиску до усните на својата преубава сопруга и ја замотал во нејзината долга руса коса. Простувајќи се од саканата за последен пат, рекол дека тие песни биле напишани за неа и дека со неа засекогаш ќе останат.

Сепак, седум години подоцна, Росети се покајал што се одрекол од поезијата и посакал да го врати единствениот примерок од своите песни, заклучувајќи дека никогаш нема да може да напише подобри. По многу збрки успеал да добие дозвола за ексхумација и една вечер гробот бил отворен, а лист по лист тетратката исчистена и исушена. Една година по ископувањето песните биле објавени, критиката ги примила одлично, и тие станале жив споменик на опругата на Росети.

*
Николас Роу, драмскиот писател и поет од 17 век, во младоста бил претставен на еден благородник од Оксфорд, кој притоа го прашал дали говори шпански. Мислејќи дека благородникот има на ум да му понуди работа во странство, Роу наредните шест месеци ги минал внимателно учејќи шпански јазик. Кога тој, полн очекување, му се пофалил на благородникот дека го научил јазикот, овој му одговорил:

„Одлично. Сега можете да го прочитата ‘Дон Кихот’ во оригинал. Тоа е најдобрата книга на светот.“


Слика: Jan van Bijlert, детал – Saint Luke the Evangelist
Извор: Politikin zabavnik

ОкоБоли главаВицФото