Првата фотографија од нашата црна дупка

14.05.2022 05:44
Првата фотографија од нашата црна дупка

Во средата, на 12 мај, на прес-конференција која привлече големо внимание, астрономите претставија нова фотографија од црна дупка, и тоа не било каква, туку онаа која се наоѓа во центарот на нашата галаксија Млечен Пат. Наречен Стрелец А * (Sgr A *), овој монструозно масивен објект околу кој „ротира“ галаксијата e уловен од група истражувачи обединети околу групата соработници наречена Event Horizont Telescope.

Фотографијата е создадена благодарение на соработката на огромен број истражувачи и мрежата на радио телескопи расфрлани низ светот.

Пред да ја направат фотографијата, истражувачите набљудувале ѕвезди што орбитираат околу нешто невидливо, компактно и многу масивно во центарот на Млечниот Пат, се вели во соопштението на Европската вселенска агенција. Фотограијата беше објавена со големо исчекување и возбуда на астрономската заедница и љубителите на науката.

Иако не можеме да ја видиме самата црна дупка, сјајниот гас околу неа изгледа како прстен што ја опкружува црната дупка четири милиони пати помасивна од Сонцето, објаснуваат астрономите.

„Поради претходно извршените мерења на орбитите на ѕвездите околу црната дупка во нашата галаксија (за што беше доделена Нобеловата награда за физика во 2020 година), Општата теорија на релативноста дава строги предвидувања за својствата на оваа црна дупка, без слободни параметри. Фотографијата добиена со анализата на EHT колаборацијата ги потврдува овие предвидувања, што претставува еден квалитативно нов тест на Општата теорија на релативноста во режимот на силна гравитација“, вели д-р Марко Војиновиќ од Групата за гравитација, честички и полиња на Институтот за Физика во Белград.

Потсетуваме дека првата фотографија од црната дупка беше објавена во пролетта 2019 година. Станува збор за супермасивна црна дупка која се наоѓа во галаксијата М87 и чии димензии се поголеми од 40 милијарди километри, а која, барем навидум, набљудувана од далечина, е многу слична на нашата црна дупка.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото