1021 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 07:59
Синоќа во исполнетата скопска Филхармонија, во одлична атмосфера, со многу смеење, се одржа настанот „Цепки“, специјалното гала издание на иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“. Настанот се одржа по повод десетгодишниот јубилеј на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“.
Темата на „Цепки“ беше субверзивната моќ на хуморот. Учествуваа петмина раскажувачки (меѓу нив, всушност, и еден раскажувач) кои со своите претходни настапи веќе оставија трага на „ПичПрич“: уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радиоводителката Маја Казакова и режисерката Софија Ристевска. Како специјална гостинка настапи и хрватската писателка и активистка Мима Симиќ. Водителки беа Румена Бужаровска и Катерина Попова.
„ПичПрич“ е авторство на Ана Василева и Румена Бужаровска, заедно со „Тиииит! Инк“. Настанот беше поддржан од Шведска и фондацијата „Kvinna till Kvinna“.